Алфа Еднорог (α Monocerotis, скрат. α Mon) — Бајерова ознака за најсјајната ѕвезда на екваторското соѕвездие Еднорог. Кога се гледа со голо око, има видлива величина од 3,94. Според годишното паралаксно поместување од 22,07 лмс гледано од Земјата, сместена е 148 сг од Сонцето и се оддалечува од него со радијална брзина од +10,5 км/с.
Ова е ѕвезда од класата , што значи дека е развиена џиновска ѕвезда од типот G, чие јадро е осиромашено со водород и чија надворешна обвивка се проширила и оладила. Ознаката „Fe−0.5“ значи дека спектарот покажува нешто помала застапеност на железо во однос на други ѕвезди со таква температура. Се работи за џиновска ѕвезда во облик на црвена грутка која создава енергија по пат на хелиумско соединување јадрото. По боја е жолтеникава и стара е 1,18 милијарди години; има двапати поголема маса од Сонцето и 10 пати поголем полупречник. Вртежниот период ѝ изнесува 326 дена.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Жолти џинови Категорија:Еднорог (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:HD-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка