Приказната за Генџи (源氏物語, Генџи Моногатари?) — класично дело на јапонската книжевност напишано од благородничката Мурасаки Шикибу во раните години на 11 век, цел милениум подоцна тоа сè уште фасцинира како прв прозен класик напишан од жена, првиот психолошки роман па дури и првиот вистински роман воопшто во книжевната историја.

Целиот роман има 54 поглавја и се простира на повеќе од 2000 страници. Опфаќа период од седумдесет и пет години и исклучително долг список на ликови. Во основата на романот, како подоцна во европската традиција, стои љубовна приказна исполнета со специфичен состав од препреки во нејзиното реализирање, меѓу кои примарно место добива односот маќеа – син. Во конкретниот состав од односи се вклопуваат и дворските интриги поврзани со потребата за задржување на моќта. Наспроти интригите, се развива серија релации во кои преплетеноста на етапите на реализација на страстите со фазите на духовни медитации и предаденост на религијата го покажуваат конфликтот што суштински го растројува животот на женските ликови, меѓутоа влијае и врз животот на главниот јунак Генџи.

Делото го раскажува животот на Хикару Генџи, односно "Блескавиот Генџи", син на јапонски цар, на читателите познат како царот Кирицубо и конкубината од понизок ранг наречена Дамата Кирицубо. Од политички причини, царот го отстранил Генџи од лозата на можни негови наследници, одземајќи му го благородничкиот статус и именувајќи го Минамото, во служба на царот. Приказната се концентрира на романтичниот живот на Генџи и ги опишува обичаите на аристократското општество на тоа време.

Оригиналниот ракопис не постои. Делото било пишувано во "хармоника" стил: неколку листови залепени заедно и превиткани наизменично во една па во друга насока,  за време на хејанскиот период. Делото е уникатен опис на начинот на живот на високите дворјани за време на хејанскиот период, напишано на архаичен јазик и на поетски стил со што станало нечитливо за просечниот Јапонец доколку дополнително не било проучувано.

Приказната за Генџи била преведена на современ јапонски дури во раниот 20 век, од страна на поетесата Акико Јосано. Првиот англиски обид да се преведе делото бил во 1882 година. Во Македонија, Приказната за Генџи за првпат била објавена во 2013 година, во издание на Слово.

Историски контекст мини|Мурасаки Шикибу 1876 Приказната за Генџи можеби била пишувана поглавје по поглавје. Мурасаки им ја кажувала приказната на благородничките. Истата има многу елементи кои се наоѓаат во модерниот роман: централен лик и голем број други поголеми и помали ликови, добро развиена карактеризација на сите поголеми ликови, низа на настани кои го покриваат животот на централниот лик и пошироко. Делото нема заплет и наместо тоа, настаните се надоврзуваат а ликовите едноставно стареат. Една значителна одлика на Генџи, и на вештината на Мурасаки, е внатрешната доследност, наспроти четиристотините протагонисти. На пример, сите ликови стареат заедно а семејството и феудалните односи ја задржуваат општата доследност.

Тешкотија за читателите и преведувачите на Генџи е дека скоро ниту еден од ликовите во оригиналниот текст нема експлицитно име. Ликовите наместо тоа се именувани според нивната функција или улога (на пример, министерот за лево), титула (на пр. неговата екселенција) или нивниот однос со другите ликови (на пр. првонаследникот), што е променливо како романот напредува. Отсуството на имиња потекнува од дворските обичаи во хејанскиот период кога било неприфатливо слободно да се споменува лицето по име. Модерните читатели и преведувачите користеле разни прекари за да успеат да ги следат многу ликови.

Приказната за Генџи била напишана на архаичен дворски јазик и веќе по еден век откако била напишана станала нечитлива. Јапонците ги читале упростените и илустрирани верзии на делото по 12 век. Дури на почетокот на 20 век, Генџи бил преведен на современ јапонски јазик, од страна на поетесата Акико Јосано.Yosano, Akiko

Авторство мини|Мурасаки Шикибу, илустрација од Тоса Митсуоки кој направил серија за Приказната за Генџи(17 век) Дебатата околу тоа колку Генџи бил всушност напишан од Mурасаки Шикибу се одвива со векови и малку е веројатно некогаш да биде разрешена, освен со некакво поголемо архивско откритие. Општо се прифаќа дека приказната во својата сегашна форма била завршена до 1021 година, кога авторката на Сарашина Ники  во дневникот ја запишала радоста за добивањето на целосната копија од приказната. Таа напишала дека постојат повеќе од 50 поглавја и споменала лик кој се појавува на крајот на делото, така што ако други автори, покрај Мурасаки Шикибу работеле на приказната, делото било скоро завршено во времето на нејзиното пишување. Во личниот дневник на Мурасаки Шикибу се спомнува приказната, и името 'Мурасаки' во алузија на главниот женски лик. Тоа потврдува дека нешто од дневникот било достапно во 1008 година кога внатрешните докази убедливо покажуваат дека записот бил напишан.The Diary of Lady Murasaki, ed. Richard Bowring, Penguin Classics 2005, p.31, note 41. In his introduction to the text, Bowring discusses its dating which, in any case, is generally accepted by most authorities. Royall Tyler, in his edition of the Tale of Genji cited below, also draws attention to the entry in Murasaki Shikibu's diary: see the Penguin Books edition, 2003, Introduction, p.xvii

Се смета дека Дамата Мурасаки го напишала ликот на Генџи врз основа на Министерот за лево во времето кога таа се наоѓала на дворот. Други преведувачи, како што е Тајлер, веруваат дека ликот Мурасаки но Уе, жената на Генџи, се заснова на самата Мурасаки Шикибу.

Јосано Акико, првата преведувачка која направила модерен јапонски превод на Генџи, верувала дека Мурасаки Шикибу ги напишала само поглавјата од 1 до 33 а дека поглавја 35 до 54 години биле напишани од страна на нејзината ќерка Даини но Санми. Други исто така се сомневале во авторството на поглавјата 42 до 54 години (особено 44, кој содржи ретки примери на континуирани грешки).Shikibu, Murasaki; Tyler, Royall (2002). The Tale of Genji. Viking. Според предговорот на Ројал Тајлер во неговиот англиски превод на делото, последните компјутерски анализи откриле "статистички значајни" разлики на стилот помеѓу поглавјата 45–54 и останатите, а воедно и кај некои од првите поглавја.мини|Поглавје. 15 – 蓬生 Јомогиу Сцена од илустрираната верзија од 12 век на Генџи Моногатари Емаки - Музеј на Уметноста Токугава. мини|Поглавје. 16 – 関屋 Секија Заплет мини|Поглавје. 37 – 横笛 Јокобуе ("Флејта"). мини|Поглавје. 39 – 夕霧 Yūgiri ("Вечер во магла"). Од 12-от век. мини|Пог. 48 – 早蕨 Савараби мини|Пог. 49 – 宿り木 Јадориги Делото го раскажува животот на Хикару Генџи, или "Блескавиот Генџи", син на стар јапонски цар, познат на читателите како царот Кирицубо и неговата сакана конкубина од понизок ранг наречена Дамата Кирицубо. Од политички причини, царот го истргнал Генџи од линијата на наследство, одземајќи му го благородништвото и давајќи му го името Минамото и кариера на царски службеник. Приказната се концентрира на романтичниот живот на Генџи и ги опишува обичаите на аристократското општество на тоа време.

Мајката на Генџи умрела кога тој имал три години, а царот не можел да ја преболи. Потоа слушнал за некоја жена (Дамата Фуџицубо), принцеза на претходниот цар, која наликувала на неговата почината конкубина. Подоцна таа станала една од неговите сопруги. Генџи прво ја сакал како маќеа, но подоцна и како жена, и тие двајцата се вљубиле. Генџи бил незадоволен од неговата забранета љубов со Дамата Фуџицубо и имал лош однос со неговата сопруга (Аои но Уе). Доживеал серија неисполнети љубовни врски со други жени, но во повеќето случаи или љубовницата умира или на него му здосадува.

Генџи бил во посета на Китајама, северна рурални ридско подрачје на Кјото, каде нашол убаво десетгодишно девојче. Тој бил фасциниран од ова девојче (Мурасаки) и открил дека е внука на Дамата Фуџицубо. Најпосле го грабнал, го однел во својата палата и го научил да биде неговата идеална дама — односно, иста како Дамата Фуџицубо. За време на овој период Генџи тајно ја посетувал Дама Фуџицубо, а таа забременила со неговиот син, Реицеи. Сите верувале дека таткото на детето е царот Кирицубо. Подоцна, момчето станало првонаследник а Дамата Фуџицубо станала царица, но љубовната врска на Генџи и на Дамата Фиџицубо останала тајна.

Генџи се смирил со неговата сопруга, Аои. Таа му родила син, но веднаш потоа умрела. Генџи тагувал, но нашол утеха во Мурасаки, со која се оженил. Умрел и таткото на Генџи, царот Кирицубо. Негов наследник бил син му Сузаку, чија мајка (Кокиден), заедно со политичките непријатели на Кирицубо, ја презеле власта во дворот. Потоа Генџи и конкубината на царот Сузаку биле откриени при една нивна љубовна тајна средба. Царот Сузаку заради тоа го прогонил Генџи во градот Сума во руралната провинција Харима (сега дел од Коби воХјого). Таму Генџи сретнал некој богат човек Акаши и имал љубовна врска со ќерка му. Таа му ја родила единствената ќерка која подоцна станала царица.

Во престолнината, царот Сузаку го мачеле соништа со неговиот починат татко, Кирицубо. Во меѓувреме, мајка му Кокиден се разболела што ја ослабнало нејзината моќ врз престолот. Царот издал наредба на Генџи да му биде простено и дозволил тој се вратил во Кјото. Неговиот син Реизеи од Дамата Фуџицубо станал цар. Новиот цар знаел дека Генџи е неговиот вистински татко и го унапредил на највисокиот можен ранг. мини|Пог. 50 – 東屋 Азумаја ("Источна Куќа"). 12-от век Музеј на Уметноста Токугава.Сепак, кога Генџи наполнил 40 години, неговиот живот почнал да бледее. Политичкиот статус не му се променил, но љубовта и емотивниот живот, полека згаснувале. Тој се оженил со друга жена, Третата Принцеза (позната како Она сан но мија, или Ниосан). Внукот на Генџи, Кашиваги, подоцна ја силувал Третата Принцеза, и таа забременила и го родила Каору (кој, во слична ситуација со онаа на Реизеи, законски бил познат како син на Генџи). Новиот брак на Генџи го променил неговиот однос со Мурасаки, која станала калуѓерка (бикуни). По смртта на саканата Мурасаки, следи поглавје, Мабороши ("Илузија"), во кое Генџи размислува за минливоста на животот. Веднаш по Мабороши, постои празно поглавје насловено Кумогакуре ("Исчезнат во облаците"), кое ја имплицира смртта на Генџи.

Остатокот од делото е познат како "Уџи поглавја". Овие поглавја го следат Каору и неговиот најдобар пријател, Ниоу. Ниоу е царски принц, син на ќерката на Генџи, тековната царица откако Реизеи се откажал од престолот, додека Каору на сите им е познат како син на Генџи а всушност бил дете на внукот на Генџи. Поглавјата ги вклучуваат соперништвата на Каору и Ниоу за неколку ќерките на царскиот принц кој живеел во Уџи, место на некое растојание од престолнината. Приказната завршува нагло а Каору понекогаш се нарекува прв антијунак во книжевноста.Seidensticker (1976: xi)

Завршница Приказната нагло завршува. Мислењата се разликуваат по тоа дали крајот бил онаков каква што била намерата на авторот. Артур Вејли, кој го направил првиот целосен англиски превод на Приказната за Генџи, верува дека делото е завршено онакво какво што е. Иван Морис, автор на Светот на Блескавиот принц, верува дека приказната не е завршена, и дека последните поглавја исчезнале. Едвард Сајденстикер, кој го направил вториот превод на Генџи, верува дека делото не било завршено и дека Мурасаки Шикибу не би ја планирала структурата на приказната со "крај" туку едноставно би ја пишувала онолку колку што би можела.

Книжевен контекст мини|Пог. 5 — 若紫 Вакамурасаки ("Младата Мурасаки"). Тоса Мицуоки, 1617–91.