мини|Модерна количка која се напојува од батерија Инвалидска количка, често скратено само количка, е стол со тркала, кој се користи при отежнато или неможност за одење поради болест, повреда или хендикеп. Инвалидските колички ги има во широк спектар, за да ги задоволат специфичните потреби на своите корисници. Тие може да вклучуваат адаптации специјализирани за седење, индивидуализирани контроли и може да бидат специфичнo определени за одредени активности, како што е случајот со спортски колички и инвалидски колички за на плажа. Нјголемата разлика е помеѓу инвалидски колички напојувани на струја ("powerchairs"), каде погонот е овозможен од страна на батерии и електрични мотори, и инвалидски колички за рачно управување, кои се движат со туркање нанапред од корисникот/патникот со рака ("самоодни"), или од придружник кој ја турка од позадина.
Историја мини|300x300пкс|Опис на кинескиот филозоф Конфуциј во инвалидска количка, датира од ca. 1680. Уметникот можеби мислел на методи на транспорт типични за неговото време. алт=Nicolas Grollier de Servière (1596–1689) Wheelchair in his Cabinet of curiosities|мини|162x162пкс|Никола Гролие де Сервиер (1596-1689) Количка во неговата одаја на реткостиNicolas Grollier de Servière Wheelchair in his Cabinet of curiosities, page 96 : Chaise très commode pour les boiteux, ou pour ceux qui ont la goûte aux jambes ; et par le moyen duquel on peut se promener dans un appartement de plein pieds, ou dans un jardin, sans le recours de personne, in Најраните записи на мебел-возила се натписи пронајдени во камен во Кина и на детски кревет прикажан во frieze на грчки вазна, обата датираат помеѓу 6 и 5 век п.н.е. Првите документирани возила со седишта користени за превоз на лица со посебни потреби датира три века подоцна во Кина; кинезите користиле градински колички или рачни колички со едно колце за да пренесуваат луѓе и тешки предмети. Разлика помеѓу двете функции не се направила уште неколку стотина години, околу 525 н.е, кога слики од столици на тркала направени специјално за да пренесуваат луѓе почнале да се јавуваат во кинеската уметност.
Иако Европејците по некое време развиле сличен дизајн, овој начин на превоз не постоел сè до 1595 година кога непознат пронаоѓач од Шпанија направил за Крал Филип II. Иако намерно личел на стол, со потпирачи за раце и нозе, дизајнот сè уште имал недостатоци, бидејќи немал ефикасен механизам за движење. Ова го прави дизајнот повеќе да личи на денешниот висок стол или преносен престол за богатите, отколку на денешната количка за лицата со посебни потреби.
In 1655, Стефан Фарфлер, 22-годишен часовничар со параплегија, го направил првиот самоподвижен стол на шасија со три тркала користејќи систем од лост и запченици. Сепак, направата повеќе личела на велосипед отколку инвалидска количка бидејќи дизајнот имал дршки на предниот дел.
Инвалидската кочија или ,,Bath Chair" ја донела технологијата во поголема секојдневна употреба околу 1760 година.
Во 1887, ткн. колички на тркала се појавиле во Атлантик Сити, за да можат инвалидните туристи за да ги изнајмуваат. Наскоро, и здравите туристи почнале да ги изнајмуваат, со тоа што ги туркале слуги, како израз на нивниот статус, третман кој не го добивале тамуод каде што доагале.
Во 1933 година Хари К. Џенингс, Постариот and неговиот инвалидизиран пријател, Херберт Еверест, двајцата машински инженери, ја измислиле првата инвалидска количка која била лесна, челична, пренослива и на преклопување.Everest, Herbert A., Jennings, Harry C., Sr., "Folding wheel chair", US Patent 2095411, 1937 Еверест претходно имал рударска несреќа, во која го скршил ’рбетот. Со Џенингс го препознале економскиот потенцијал на инвенцијата и потоа станале првите масовни произведувачи на инвалидски колички. Нивниот дизајн во форма на X сè уште е во широка употреба, иако со надградени материјали и други подобрувања. Идејата за Х дизајнот му дошла на Хари од преклопливите камперски столчиња, изротирани за 90 степени, кои со Херберт ги користеле.
Видови на инвалидски колички Има широк избор на колички, кои се разликуваат според погонот, механизмите на контрола и технологијата која ја употребуваат. Некои инвалидски колички се дизајнирани за секојдневна потреба, други за определени активности, а трети за специфични потреби. Новини и иновации во оваа индустрија се релативно чести, ,затоа што се премногу специјализирани или не се со пристапна цена за секого. Типичен пример за тоа во последните неколку години е iBot.
Поврзано Подвижен скутер Moторизирана количка Рампа за количка Инвалидска количка за танц/спорт Wheelmap.org, проект за мапирање на интернет (собира информации од целиот свет за пристапност со инвалидски колички) Lift chair
Видни прозводители на инвалидски колички Everest and Jennings Küschall Otto Bock Invacare TiLite Mogo Wheelchairs Sunrise Medical
Наводи
Категорија:Кинески пронајдоци Категорија:Човечки-придвижувани возила Категорија:Асистивна технологија