Хосе Марија Валдо Ечегарај-и-Еисагире (, Мадрид, 19 април 1832 — Мадрид, 14 септември 1916) — шпански драмски писател од баскиско потекло. Заедно со поетот Фредерик Мистрал, награден е во 1904 година со Нобелова награда за литература и така стана првиот Шпанец к—ој ја има добиено, така што го зазема централното место меѓу класичната и модерната шпанска драма.
Рани години
Од млади години Ечегарај-и-Еисагире учел латински и грчки јазик. На 14 години дипломирал филозофија. Завршил математика во техничката школа во Мадрид, 1853, и од 1858 година предавал во неа. Тој бил еден од најистакнатите математичари на своето време.
Политички ангажман
По паѓањето од власт на кралицата Исабела II, 1868 година, Ечегарај-и-Еисагире се вклучил активно во политичкиот живот и бил избран во шпанскиот парламент. Како министер за финансии учествувал во основање на Шпанска банка.
Творештво
Во 1874 година заминал во Париз, каде што ги разгранува своите театарски интересирања. по враќањето во Мадрид, 1875 година, ја објавил својата прва пиеса, Чековна книшка, под псевдонимот Хорхе Ајасек-и-Еисагире.НИД „Микена“, Битола, 2009
Во тек на три десетлетија Ечегарај-и-Еисагире се наоѓал меѓу најпопуларните драмски писатели на Шпанија. Ја развил театарската традиција од епохата на златниот век на шпанската драма, особено на Педро Калдерсон де ла Барка.
Пиесите на Ечегарај-и-Еисагире се адекватен израз на вкусот на публиката кон мелодрамата, со романтична интерпретација на вечните теми : љубов, должност, чест. Речиси половина од творбите, 30, му се напишани во стихови. Негови најпознати дела се:
El gran Galeoto, O locura o santidad — 1877 Mariana — 1892 El estigma — 1895 The Calum — 1898 La duda — 1898 El loco Dios — 1900
Подоцнежното творештво му било под вкијание на францускиот натурализам и на драматургијата на Хенрик Ибзен: Големиот сплеткар, 1891; Синот на Дон Хуан, 1892; Ечегарај-и-Еисагире бил член на Кралската шпанска академија. Една од улиците во Мадрид носи име по Ечегарај. Таа улица и денас е позната по кафеаните во кои се игра фламенко.
Поврзано
Биографија на добитници на Нобелова награда Биографија на страницата на издавачката куќа Елсевиер
Наводи
Категорија:Родени во 1832 година Категорија:Починати во 1916 година Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Шпански писатели Категорија:Шпански нобеловци