PFAFF (германски: PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG, PFAFF Industrial) — германски производител на индустриски машини за шиење со седиште во Кајзерслаутерн, Германија. Компанијата денес е во сопственост на SGSB Co. LtdSGSB Co. Ltd.
Историја
Компанијата PFAFF била основана во Кајзерслаутерн, Германија во 1862 година од страна на Георг Макс Пфаф (1823-1893). Првата машина на PFAFF била рачно изработена и дизајнирана да шие кожа за производство на чевли.
Во 1885 година, Георг отворил продавница за шиење во Лондон. Фабриката PFAFF во тој период била проширена и модернизирана. Георг Пфаф, вториот син на основачот, го презел управувањето со компанијата по смртта на неговиот татко во 1893 година и го проширил понатаму со голем успех.
Во 2006 година американската компанија Kohlberg & Company, сопственик на Сингер, ја купил шведската VSM Group, сопственик на Husqvarna Viking и PFAFF, со што била создадена SVP Worldwide.
Во март 2013 германската холдинг-компанија на SGSB Group Co. Ltd., ShangGong (Europe) Holding Corp. GmbH, презела повеќе од 100% од акциите на PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на PFAFF Машини за шиење PFAFF
Категорија:Марки на шивачки машини Категорија:Германски марки Категорија:Производители од Германија Категорија:Кајзерслаутерн