Франсиско "Кико" Касиља Кортес — шпански фудбалер, кој игра на позицијата голман.

Кариерата ја започнал во Реал Мадрид, но во почетокот служел само како играч на младинските екипи и подоцна на резервниот тим. Својата среќа ја пронашол во екипата на Еспањол, каде одиграл 126 натпревари во текот на шест сезони во Примера Дивисион, пред да се врати во Реал Мадрид во 2015 година. Во улогата на втор голман зад Кејлор Навас, Касиља поминал три сезони во Реал Мадрид, освојувајќи многу трофеи со клубот вклучително и три во Лигата на шампионите. Во подоцнежните години од кариерата, го чувал голот на Лидс Јунајтед, Елче и Хетафе.

Касиља има еден настап за шпанската репрезентација, остварен во пријателски натпревар во 2014 година.

Клупска кариера Реал Мадрид Роден во Алковер, Тарагона, Каталонија, Касиља не добивал доволно простор за игра во неговиот двегодишен престој во вториот тим на Реал Мадрид, Реал Мадрид Кастиља. Во сезоната 2005-2006, тој играл за Кастиља во втората дивизија по унапредувањето од Ц-тимот, но само како трет избор зад Жорди Кодина и Давид Кобењо.

По само четири настапи со Касиља се очекувало да добие повеќе можности, по заминувањето на првиот избор Кобењо. Меѓутоа, Кодина станал стартер, а Антонио Адан млад унапреден колега, резерва, а Касиља ја завршил сезоната играјќи само во последниот натпревар од сезоната, по кој клубот испаднал во понизок ранг.

Еспањол лево|мини|297x297пкс|Касиља во 2013 Во август 2007, Касиља со слободен трансфер му се приклучил на Еспањол. На 20 јануари 2008, го направил своето деби во Примера Дивисион во поразот со 2-1 на гостувањето кај Реал Ваљадолид, влегувајќи како замена за повредениот Ињаки Лафуенте, две минути по стартот на второто полувреме додека вообичаениот стартер Карлос Камени бил на репрезентативна должност со својата земја на Африканскиот куп на нации; тој месец се појавила вест и дека Арсенал бил заинтересиран за ангажирање на услугите на младиот шпански голман.

Без можност да застане повторно на голот, поради конкуренцијата од Камени и новото засилување Кристијан Алварес, Касиља му се приклучил на третолигашот Кадис на позајмица до крајот на сезоната 2008-2009. Позајмицата била продолжен и за следната сезона, откако андалусијците се вратиле во втората дивизија, и тој повторно бранел во поголемиот дел од сезоната, но тимот на крајот испаднал.

Касиља сè уште седел на клупата на првиот натпревар на Еспањол во 2010-11, но на 31 август 2010 повторно бил пратен на позајмица во клубот од втората дивизија Картахена. По завршувањето на сезоната, тој се вратил во Еспањол, каде водел борба за статусот прв избор со Алварес.

Откако Аргентинецот си заминал, Касиља станал неприкосновен стартер. На 1 февруари 2015, тој бил исклучен за време на натпреварот против Севиља бранејќи го шутот на Јаго Аспас со раце надвор од шеснаесеттникот, а неговата замена Пау Лопес не можел да го спречи поразот од 3-2.

Враќање во Реал Мадрид На 17 јули 2015, Касиља се вратил во Реал Мадрид, потпишувајќи петгодишен договор откако клубот на Еспањол му платил 6 милиони евра. Своето деби во официјален натпревар го направил на 31 октомври, во победата со 3–1 над УД Лас Палмас.

Во првата сезона, Касиља бил резерва на Кејлор Навас, појавувајќи се само во седум натпревари од сите натпреварувања. Меѓу нив, биле и двата настапи во Лигата на шампионите, каде Реал триумфирале.

На 9 август 2016, Касиља бил на голот како замена за повредниот Навас во победата со 3-2 над Севиља во натпреварот од Суперкупот на УЕФА во Трондхејм. Тој успеал повеќе да придонесе за успесите на клубот во својата втора година, во која кралевите го освоиле националното првенство по пет години чекање; неговиот единствен настап во Лигата на шампионите, во сезоната во која ја одбраниле титулата, бил во победата со 2-1 над Спортинг Лисабон во групната фаза.

Касиља забележал два настапи во Лигата на шампионите и 17 вкупно во сите натпреварувања за време на сезоната 2017–2018, кога Мадрид ја освоиле својата трета последователна и 13-та севкупна титула во најсилното европско клупско натпреварување. Следната сезона, по доаѓањето на Тибо Куртоа од Челси во текот на летото, тој дополнително бил деградиран во хиерархијата, станувајќи трет голман.

Лидс Јунајтед На 17 јануари 2019, 32-годишниот Касиља ја напуштил Шпанија за првпат во својата кариера и заминал во странство потпишувајќи четиригодишен договор со англискиот Лидс Јунајтед, членот на Чемпионшип дивизијата. Дебитирал на голот на Лидс девет дена подоцна, во победата со 2–1 на гостувањето кај Ротерам Јунајтед.

Во септември 2019 година, Касиља бил обвинет за расистички напад врз напаѓачот на Чарлтон Атлетик, Џонатан Леко, во натпревар помеѓу двата клуба. Тој бил обвинет од ФА, но останал достапен за избор во текот на истрагата. На 28 февруари 2020 година, тој добил суспензија од осум натпревари и парична казна од 60.000 фунти откако бил прогласен за виновен. Сезоната 2019-2020, за Касиља и Лидс Јунајтед завршила успешно откако клубот успеал да избори промоција во Премиер лигата, враќајќи се таму после 16 години отсуство, а голманот придонел за тоа со 17 настапи во Чемпионшип во текот на сезоната.

Касиља го одиграл својот прв натпревар во Премиер лигата на 16 јануари 2021 година, во поразот на домашен терен со 0–1 од Брајтон енд Хоув Албион. Во текот на целата сезона, тој бил втор избор зад младиот французин Илан Мелје.

На 12 јули 2021 година, Касиља бил позајмен на Елче за следната сезона во највисоката шпанската дивизија. Првично тој бил стартер, но подоцна го загубил местото од Едгар Бадија.

Договорот на Касиља со Лидс бил раскинат со взаемна согласност на 31 јули 2022 година.

Хетафе На 10 август 2022 година, Касиља му се приклучил на Хетафе, потпишувајќи едногодишен договор; по завршувањето на сезоната го напуштил клубот играјќи само два натпревари и двата во Купот на Шпанија.

Репрезентативна кариера Касиља ја претставувал младата шпанска репрезентација под 21 година, играјќи 29 минути во поразот со 2–0 во пријателски натпревар од Франција во Бенидорм.

На 29 август 2014, Касиља бил повикан од селекторот на сениорскатa репрезентација, Висенте дел Боске, во составот од 23 играчи за септемвриските натпревари против Франција и Македонија, како трет избор зад Икер Касиљас и Давид де Хеја. Тој го направил своето деби на 18 ноември, заменувајќи го Касиљас во последните 14 минути во пријателскиот натпревар против Германија во Виго.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 16 ноември 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2007-2008 Еспањол ПД 4 -4 КШ 0 0 - - - - - - 4 -4 2008-2009 Кадис СДБ 35+2Плејоф. -40 + 0 КШ - - - - - - - - 37 -40 2009-2010 СД 31 -48 КШ 0 0 - - - - - - 31 -48Вкупно Кадис 66+2 -88 + 0 0 0 - - - - 68 -88 2010-2011 Картахена СД 35 -49 КШ 0 0 - - - - - - 35 -49 2011-2012 Еспањол ПД 16 -22 КШ 5 -6 - - - - - - 21 -28 2012-2013 ПД 21 -24 КШ 2 -6 - - - - - - 23 -30 2013-2014 ПД 37 -47 КШ 4 -4 - - - - - - 41 -51 2014-2015 ПД 37 -48 КШ 0 0 - - - - - - 37 -48Вкупно Еспањол 115 -145 11 -16 - - - - 126 -161 2015-2016 Реал Мадрид ПД 4 -6 КШ 1 -1 ЛШ 2 -3 - - - 7 -10 2016-2017 ПД 11 -10 КШ 6 -9 ЛШ 1 -1 СУ+Скп 1+0 -2 19 -222017-2018 ПД 10 -11 КШ 5 -4 ЛШ 2 -3 СУ+СШ+Скп 0 0 17 -18 2018-јан. 2019 ПД 0 0 КШ 0 0 ЛШ 0 0 СУ+Скп 0 0 0 0Вкупно Реал Мадрид 25 -27 12 -14 5 -7 1 -2 43 -50 јан.-јун. 2019 Лидс Јунајтед ФЛЧ 17+2 -18 + -4 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 19 -22 2019-2020 ФЛЧ 36 -31 ФАКуп+ЛК 0+2 -2 - - - - - - 38 -33 2020-2021 ПЛ 3 -2 ФАКуп+ЛК 1+1 -3+ -1 - - - - - - 5 -6Вкупно Лидс Јунајтед 56+2 -51 + -4 4 -6 - - - - 62 -61 2021-2022 Елче ПД 14 -17 КШ 2 0 - - - - - - 16 -17 2022-2023 Хетафе ПД 0 0 КШ 2 -5 - - - - - - 2 -5Вкупно во кариерата 315 -381 31 -41 5 -7 1 -2 352 -431

Титули Клупски Реал Мадрид Примера Дивисион : 1 2016-2017 Суперкуп на Шпанија : 2 2017 Лига на шампиони : 1 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018 Суперкуп на УЕФА : 1 2016, 2017 Светско клупско првенство : 1 2016, 2017, 2018

Лидс Јунајтед Фудбалска лига на Англија Чемпионшип : 1 2019-2020

Наводи

Надворешни врски

Кико Касиља на soccerway Кико Касиља на transfermarkt Кико Касиља на espn Кико Касиља на whoscored

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Хетафе