мини|исправено=1.20|Искачувачкиот јазол како еден од неколкуте орбитални елементи.

Орбитален јазол — една од двете точки во кои една орбита сече појдовната рамнина кон која е наклонета. Ненаклонетата орбита која целосно лежи на појдовната рамнина нема јазли.

Појдовни рамнини Ова се позастапени појдовни рамнини: За околуземска орбита, екваторската рамнина на Земјата. Во овој случај, ненаклонетите орбити се нарекуваат екваторски. За околусончева орбита, еклиптиката или неменливата рамнина. Во овој случај, ненаклонетите орбити се нарекуваат еклиптички. За орбита вон Сончевиот Систем, рамнината низ главното тело нормална на линијата низ набљудувачот и главното тело (наречена рамнина на небото).

Разликување на јазлите мини|исправено=1.1|Анимација на јазлите на две елиптични патеки. (Стиснете ка сликата).

Двата јазла можат да се различат ако ја определиме појдовната насока од една страна на појдовната рамнината кон другата. За околуземски и околусончеви орбити, искачувачкиот јазол (или северен јазол) е онаму каде кружечкото тело се движи северно кон појдовната рамнина, а спуштачки јазол (или јужен јазол) а онаму каде се движи јужно кон истата рамнина.ascending node, The Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight, David Darling. Во случај на тела вон Сончевиот Систем, искачувачкиот јазол е јазолот каде кружечкото тело се оддалечува од набљудувачот, а спуштачкиот јазол е јазолот каде тоа се доближува.The Binary Stars, R. G. Aitken, New York: Semi-Centennial Publications of the University of California, 1918., p. 137.

Положбата на јазолот може да послужи како еден од низа параметри (орбиталните параметри), кои ја опишуваат орбитата. Ова се прави укажувајќи ја должината на искачувачкиот јазол.

Јазолна линија е пресекот на орбиталната рамнина на телото со појдовната рамнина, и минува низ двата јазла.

Симболи Искачувачкиот јазол се бележи со симболот 16px (уникод: U+260A, ☊), а спуштачкиот со 16px (уникод: U+260B, ☋).

Месечеви јазли За орбитата на Месечината околу Земјата, за еклиптика се смета рамнината, а не екваторската рамнина. Гравитациската влеча на Сонцето предизвикува јазлите на Месечината постепено да прецесираат кон запад, правејќи циклус за околу 18,6 години.

Поврзано Затемнување Ојлерови агли Должина на искачувачкиот јазол

Наводи

Категорија:Небесна механика Категорија:Технички чинители во астрологијата Категорија:Орбити