Прва артилериска бригада на четириесет и втората дивизија на НОВ — бригада на НОБ во Македонија. Таа е една од неколкуте артилериски бригади кои оперирале на територијата на Македонија за време на НОВ.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​153-154

Историјат Првата артилериска бригада на 42 дивизија е создадена на 18 февруари 1945 година. Бригадата произлегла од Вториот дивизион на Првата артилериска бригада и била формирана во Наставниот центар бр. 6 на Скопското кале. Оваа бригада настала по расформирањето на Првата артилериска бригада бидејќи истата учествувала на божиќните простести.

Командант на оваа бригада бил Георги Сапунџиев, на функција бил од 18 февриари до март 1945 година, а потоа го заменил Стево Златар. Политички комесар на бригадата до март бил Бранко Богдански, а после март бил Петко Лаковиќ, а негов заменик бил самиот Бранко Богдански. Од 16 февруари до март началник на штабот бил Стојан Хаџи Василевски, а после март бил Светослав Мирчев.

Формациски бригадата била дел од 42 дивизија во составот на 15 корпус, кој пак бил на Сремскиот фронт. На 20 февруари ГШ на АВНОЈ дала наредба Корпусот и неговите единици да одат на Сремскиот фронт. На 23 февруари бригадата пристигнала во Врање, а на 2 март била во Белград. Тогаш имала 1270 борци, 200 коњи и 35 запрежни коли. Во Белград добила ново советско оружје и започнала обука и спремање за борба. Тогаш вооружувањето било 4 хаубици 122 мм, 4 топа од 76 км, 20 противтенковски топа од 45 мм, 8 противтенковски топа ЗИС од 76 мм, 12 минофрлачи од 120 мм и 50 минофрлачи од 82 мм. За време на Сремскиот фронт, само 3 погинале.

Наводи

Поврзано НОВ

Категорија:Бригади на НОВМ