Тео Ернандес — ( година) познат едноставно како Тео, е француски професионален фудбалер кој игра за италијанскиот клуб ФК Милан како лев бек.

Роден во Марсеј, Тео се приклучил на младинската постава на Атлетико Мадрид во 2008 година, на возраст од десет години. Откако напредувал низ младинските категории, тој бил промовиран во резервите во Терцера Дивизион во летото 2015 година.

Тео го имал своето деби на 30 август 2015 година, почнувајќи со победата од 4:3 против ЦД Пуерта Бонита. На 3 февруари следната година, тој го обновил договорот, два дена подоцна тој бил повикан во главниот состав за натпреварот во Ла Лига против С.Д. Еибар, но поради повреди останал неискористена замена во 3-1 на домашната победа.

На 5 јули 2017 година, Тео се преселил во Реал Мадрид за сезоната 2017-18, потпишувајќи договор за следните шест години. Тој го имал своето деби за клубот на 16 август, заменувајќи го Марко Асенсио во победата од 2-0 против Барселона во натпреварот од шпанскиот Супер Куп.

На 7 јули 2019 година, Ернандес се приклучил ФК Милан во договор вреден максимум 20 милиони евра.

Таткото на Тео, Жан-Франсоа, исто така бил фудбалер. Централен дефанзивец, тој исто така играл за Атлетико Мадрид. Неговиот постар брат Лукас, исто така дефанзивец, се развил како играч во Атлетико Мадрид.

Статистика + Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварувањеКлубСезонаЛигаКупЕвропаОстанатоВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиАтлетико Мадрид Б2015–16Tercera División90——10100Алавес (п)2016–17Ла лига32161——382Реал Мадрид2017–18Ла лига130603010230Реал Сосиедад (п)2018–19Ла лига24140——281Милан2019–20Серија А33631——3672020–21Серија А33720101—4582021–22Серија А3253050—4052022–23Серија А32410110104542023–24Серија А0000000000Вкупно130221012611016724Вкупно208242622913026627

Наводи

Надворешни врски

Real Madrid official profile

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Реал Сосиедад Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026