мини|десно|Поглед на Овчар и Каблар Каблар — планина во Србија што се наоѓа на 15 км од Чачак и 155 км од Белград. Каблар е висок 889 метри. Со планината Овчар ја гради Овчарско-кабларската Клисура, низ која протекува реката Западна Морава. Недалеку од Каблар се наоѓа познатото туристичко место Овчар Бања.

На врвот на планината постои видиковец.

Местоположба и клима Местоположбата на оваа планина е многу конкретна. Таа се наоѓа во Шумадија, додека соседната планина Овчар се наоѓа во динарскиот предел. Каблар има поглед на градот Чачак, Овчарско-кабларската Клисура, како и на брдото Љубиќ. Климата е планинска и умерено континентална.

Наводи

Литература

Категорија:Планини во Србија