Иремел (, ) — планинско возвишение во состав на Јужен Урал и втора планина по висина во венецот. Се наоѓа во Башкортостан, Русија, на границата со Чељабинската област. Највиск врв е Голем Иремел ( / ) или само Иремел со 1.589 м. Околу 6 км североисточно се издига Мал Иремел ( / ), со висина од 1.449 м. Тука извира реката Белаја.

На 53 км југозападно од Голем Иремел е сместен највисокиот врв на Јужен Урал — Јамантау (1.638 м).

Надворешни врски Иремел и околината Врвови на Камениот Појас: Имињата на планините во Урал. Глава „Јужен Урал“ (анализа на името на планината Иремел) Виртуелна прошетка по планината Иремел

Категорија:Урал Категорија:Планини во Русија Категорија:Географија на Башкортостан Категорија:Споменици на природата на Русија