Илијас-бегова џамија () — историска џамија во Милет кај градот Соке во покраината Ајдин, западна Турција. Изградена е во 1403 г. по порачка на Илијас-бег (1402–1421), владетел на бејликот Ментеше. Денес е напуштена и претставува споменик на културата.
Архитектура Џамијата е дел од комплес во чиј состав има медреса и амам.
Молитвената сала е покриена со кубе со пречник од 14 м, сместено на осумаголна основа и изработено од поплочени тули. Минарето од тули се срушило во земјотресот од 1955 г. Зградите се наоѓаат во рамките на археолошкото наоѓалиште на древниот град Милет. До комплексот се најдени остатоци од вила со бања од византиско време.
Во 2012 г. комплесот на Илијас-беговата џамија е награден со културнонаследната награда „Европа ностра“ на ЕУ .
Галерија
Наводи
Archnet
Надворешни врски Официјално мрежно место на Илијас-беговата џамија
Категорија:Селџучки џамии во Турција Категорија:Соке Категорија:Архитектура од 15 век Категорија:Ментеше