Гатчински дворец – скапоцено емајлирано велигденско јајце, направено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1901 година, за Николај II од Русија. Николај II ѝ го подарил на својата мајка, царицата Марија Фјодоровна, на Велигден во 1901 година. Јајцето се отвора за да открие изненадувачка минијатурна златна реплика на дворецот во Гатчина (град јужно од Санкт Петербург), изграден за грофот Григориј Орлов и подоцна бил купен од царот Павле I. Тоа е едно од двете царски велигденски јајца во збирката на уметничкиот музеј Валтерс во Балтимор, Мериленд.
Опис 200px|лево|мини|Јајцето Гатчински дворец се отвора за да открие изненадување 200px|десно|мини|Јајцето на оригиналната поставка во 1902 година Јајцето било направено од Фабержеовиот мајстор, Михаил Перхин (1860-1903), и е изработено од злато, емајл, позлатено сребро, дијамант, кварц и семенски бисери. Околу дворецот во изненадувањето прикажани се бројни детали – топови, знаме, статуа на Павле I (1754-1801) и пејзажни елементи.
Минијатурниот дворец е фиксиран внатре во јајцето и не може да се поместува за разлика од јајцето Александровски дворец, кој Фаберже ќе го направи седум години подоцна за Александра Фјодоровна. Димензиите се 12,5 x 9,1 cm.
Изненадување Јајцето се отвора за да открие минијатурна златна реплика на Гратчинскиот дворец, резиденцијата на царицата-мајка вон Санкт Петербург.
Сопственост Во 1920 година, јајцето било сопственост на Александар Половцов, кој бил поранешен вработен во Гратчинскиот дворец и подоцна отворил антикварница во Париз. Не е познато како Половцов дошол до јајцето.
Во 1930 година, ова јајце му било продадено, заедно со јајцето од 1907 година Јајце со плот и рози, од Американецот Хенри Валтерс и во 1931 година станало дел од колекцијата на Уметничкиот музеј Валтерс. Во 1936 година, ова јајце заедно со јајцето со плот и рози било изложено во Уметничкиот музеј Валтерс во Балтимор, Мериленд и е дел од постојана поставка од 1952 година.
Поврзано Фабержеово јајце Јајце со плот и рози (Фабержеово јајце) Декоративно јајце
Надворешни врски
Walters Art Museum's Collection Page on the Gatchina Palace Egg A detailed article on the Gatchina Palace Egg
Категорија:Украсна уметност