Аматер (полски: Amator) - полски филм од 1979 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Јежи Стур, Малгоржата Жабковска, Ева Покас, Стефан Чижевски, Јежи Новак, Тадеуш Брадецки, а во филмот се појавува и славниот режисер Кшиштоф Зануси.IMDb, Camera Buff (1979) (пристапено на 10.4.2018)

Содржина Работникот Филип (го игра Стур) купува камера и станува вљубеник во филмот. Неговата сопруга е незадоволна и го обвинува дека не се грижи доволно за нивното бебе. Директорот на фабриката постојано настојува да ги цензурира филмовите на Филип, но тој освојува награда на еден фестивал на филмски аматери. Потоа, неговите филмови се прикажани од националната телевизија, со што Филип станува познат во своето место. Меѓутоа, неговата сопруга го напушта и тој останува сам.IMDb, Camera Buff (1979) (пристапено на 10.4.2018)

Наводи

Категорија:Полски филмови Категорија:Филмови на полски јазик Категорија:Филмови од 1979 година Категорија:Филмови на Кшиштоф Кишловски Категорија:Филмови со Ева Покас Категорија:Филмови со Јежи Стур Категорија:Филмови со Тадеуш Брадецки Категорија:Филмови со Стефан Чижевски Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Полска