Хрватска енциклопедија () — национална енциклопедија на Хрватска која ја издава Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ (порано „Југословенски лексикографски завод“).
Историјат мини|десно|Пет тома на Хрватската енциклопедија на Мате Ујевиќ, издадени од 1941 до 1945 г. Проектот започнал во 1999 г. и претставува петти ваков потфат, почнувајќи од Хрватска енциклопедија на Мате Ујевиќ и продолжила како Општа енциклопедија на Југословенскиот лексикографски завод, како и две изданија на Општа енциклопедија.
Во периодот од 1999 до 2009 г. се издадени единаесет тома — по еден том годишно. Почувајќи од 2010 г. се изготвува семрежно издание на енциклопедијата, дополнета со нови мултимедијални содржини. Слободното семрежно издание е пуштено во септември 2013 г. Печатењето е запрено и сета понатамошна работа се одвива исклучиво во бази на податоци, кои се основа за семрежното и други мултимедијални изданија на енциклопедијата.
Томови ТомГлавен уредникГодинаСтраници I. : A – Bd Далибор Брозовиќ 1999 674 II. : Be – Da 2000 723 III. : Da – Fo 2001 722 IV. : Fr – Ht 2002 753 V. : Hu – Km Аугуст Ковачец 2003 725 VI. : Kn – Mak 2004 786 VII. : Mal – Nj 2005 814 VIII. : O – Pre Славен Равлиќ 2006 773 IX. : Pri – Sk 2007 842 X. : Sl – To 2008 830 XI. : Tr – Ž 2009 859 Печатените томови опфаќаат вкупно 9.272 страници, содржат 67.077 статии со вкупно 1.059.000 реда текст. Делото е здружена работа на 1.070 автори, претежно соработници. Секој еден томо е работа на 20 до 30 вработени во Лексикограгскиот завод и 300-400 соработници.
Наводи
Надворешни врски Хрватска енциклопедија — семрежно издание
Категорија:Национални енциклопедии Категорија:Општи енциклопедии Категорија:Енциклопедии на хрватски јазик Категорија:Хрватски мрежни места Категорија:Семрежни енциклопедии