мини|десно|150п|Сина боја на хералдички штит Сина боја или азурна боја (скратено b или az) — нијанса на сината боја, која во хералдиката заедно со црвената, пурпурната, црната и зелената боја ѝ припаѓа на групата на „бои“. Во гравирањето, сината боја понекогаш е означена како подрачје на хоризонтални линии. Бојата својот назив го добила по скапоцениот син камен, познат како лапис лазули. Поимот најпрвин бил воведен во старофранцускиот јазик во 12 век, а потоа влегол во употреба при блазонирањето на грбовите.

Сината боја во хералдиката понекогаш се среќава во различни нијанси, кои се вели дека се поврзани со посебните значења на доблестите и претставуваат одредени елементи и скапоцени камења. Ваквото толкување, сепак, не било поддржано од страна на хералдичарите низ вековите. Многу извори укажуваат на различни значења на сината боја, но најчесто се вели дека истата претставува скапоцен камен (сафир) или небесни тела (Јупитер).

Галерија

Белешки Планетата Јупитер исто така се поврзува со металот калај во алхемиското/окултното толкување на значењето на планетите.

Наводи

Категорија:Хералдички бои Категорија:Нијанси на сината боја