Бранислав Никодијевиќ (12 февруари 1929, Скопје - , Скопје) — македонски фармаколог, редовен професор, истражувач и основоположник на клиничката фармакологија во Македонија.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 83-87
Животопис Бранислав Никодијевиќ е роден на 12 февруари 1929 година во Скопје. Медицински факултет учел во Прага, Скопје и Загреб. Во 1956 година, тој бил избран за асистент по предметот „Физиологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1972 до 1976 година, тој бил иницијатор и основоположник на Клиничката фармакологија во Македонија, и еден е од основачите на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Во 1975 година бил избран за редовен професор по фармакологија.
Од јавните функции што ги обавувал, меѓу другото бил претседател на Сојузот на фармаколошките друштва на Југославија, прв декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје, директор на УЦМН и декан на Медицинскиот факултет во Скопје. По покана, тој држел предавања на повеќе странски универзитети во Соединетите Држави, Јапонија и Финска. Тој се пензионирал во 1994 година.
Автор е на повеќе од 130 научни трудови, како и на учебник по предмотот Фармакологија. Носител е на: Орден на заслуги за народот со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, и други награди и признанија.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски фармаколози Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски фармаколози Категорија:Југословенски учебникари Категорија:Професори на Фармацевтскиот факултет - Скопје Категорија:Декани на Фармацевтскиот факултет - Скопје