Париз-Рубе 2018 — 116. издание на велосипедската еднодневна трка Париз-Рубе, која се одржала на 8 април како петнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
По првпат од Бернар Ино во 1981 година, трката била освоена од моменталниот светски првак, Петер Саган (). Саган ја нападнал главната група на возачи на секторот 12, стигнувајќи на челото на трката за брзо време. Единствено, швајцарскиот првак Силван Дилје, кој возел за екипата , успеал да остане со Саган до крајот на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил спринтот. Третото место, 57 секунди зад водечкиот двоец, му припаднало на победникот на Трката околу Фландрија, Ники Терпстра, кој возел за .
Трката била нарушена од смртта на возачот на , Михаел Голертс. Во текот на трката, добил срцев удар и подоцна починал во болница во Лил.
Екипи
мини|Петер Саган () пред Силван Дилје () на 8 километри пред крајот на трката.
Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.
Поредок Завршен пласман
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Париз-Рубе Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Франција во 2018 година