Тур де Романди 2018 (именувана и како Трка околу Романди) — 72. издание на велосипедската етапна Тур де Романди, која се одржала помеѓу 24 и 29 април како деветнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Била освоена од Примож Роглич од екипата .

Рута

Екипи

Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Единствена професионална континентална екипа на трката била .

Етапи Пролог

Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Завршен пласман

Поредок

На Тур де Романди 2018 биле доделувани четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот. Немало временски бонуси на средните спринтови. Предводникот на пласманот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2018 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.

Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1993 можеле да учествуваат во пласманот.

+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 Бодови за 24 16 12 8 4 Бодови за 12 8 6 4 2 Бодови за 8 6 4 2 1 Бодови за 5 3 2 1 0

Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розовата, црната и сината маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле шеснаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории. На искачувањата од прва категорија, првите петорица возачи добивале бодови; првиот освојувал 12 бода. Бодови добивале исто така првите пет возачи на искачувањата од втора категорија, иако победникот освојувал само 8 бода. На искачувањата од третата категорија, само првите четворица возачи добивале бодови, а првиот меѓу нив добивал 5 бода. На искачувањата со етапни завршници во Шанпери и Лезен бодовите биле удвоени.

+ Бодови за спринтерскиот пласман Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 етапи 2 & 3 50 30 20 18 16 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 други етапи 30 25 22 19 17 15 13 11 9

Постои и бодовен пласман. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле меѓу првите 15 возачи на етапите. На рамните друмски етапи; за победа на етапа, возачот добивал 50 бода, второпласираниот 30 бода, 20 бода за третопласираниот и така надолу, сè до два бода за 15. место. На поединечните хронометри и планинските етапи, бодови биле доделувани исто така на 15 возачи, но 30 бода за победникот, 25 бода за вториот, 22 за третиот и така надолу, сè до два бода за 15. место. На секоја од етапите постоеле два средни спринта. Првиот возач на овие спринта освојувал петнаесет бода, вториот возач десет бода и третопласираниот шест бода. Победникот во пласманот ја добивал зелената маичка.

Последен поединечен пласман била наградата за борбеност. По секоја друмска трка, жирито избирало еден возач на основа на покажаното и напорот на етапата. Возачот го добивал црвениот број на следната етапа. По последната етапа, жирито го бирало најборбениот возач на целата трка.

Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно. Водечката екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива маичка со жолт број на завршниот подиум.

Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Награда за борбеност25п Екипен пласман25п П Мајкл Метјус Мајкл Метјус Мајкл Метјус недоделена Том Боли недоделена 1 Омар Фраиле Примож Роглич Примож Роглич Марко Минард Еган Бернал Марко Минард 2 Томас де Гент Томас де Гент Томас де Гент 3 Еган Бернал недоделена 4 Јакоб Фуглсанг Томас де Гент Еган Бернал 5 Паскал Акерман Алекси Гужар На крај Примож Роглич Томас де Гент Томас де Гент Еган Бернал Томас де Гент

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тур де Романди Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Швајцарија во 2018 година