Универзитетот „Македонија“ (грчки: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας) — универзитет кој се наоѓа во Солун, Грција.

Тој е втор по големина универзитет во градот (по универзитетот „Аристотел“). Во моментов се состои од осум одделенија кои се занимаваат главно со општествени, политички и економски науки.

Историја

Пред 1991 година, универзитетот бил познат како Солунско више училиште за индустриски науки (грчки: Eν Θεσσαλονίκη Ανωτέρα Σχολή Βιομηχανικών Σπουδών). Во 1985 година биле формирани две одделенија - „Економија и менаџмент“ и „Бизнис администрација“. Во 1990 година универзитетот го добиле денешното име - Македонија, кога биле создадени три нови катедри.

Кампус

Универзитетот се наоѓа на ул. Егнатија 156. Кампусот е составен од група згради со вкупна површина од околу 40.000 квадратни метри, составена од амфитеатри, простории за настава и семинари, канцеларии и области на административни делови, ресторан (кој работи во текот на целата академска година), гимназија и книжарница. Исто така, постојат две соби каде може да се сместат 4-8 лица (претежно официјални посетители).

Факултети

Универзитетот на Македонија е поделен на четири академски училишта, кои понатаму се поделени во осум одделенија.

Училишта Одделенија Факултет за бизнис администрација Оддел за Бизнис администрација (1990) Оддел за сметководство и Финансии (1990) Факултет за економски и регионални студии Оддел за економија (1990) Катедра за балкански, словенски и ориентални студии (1998) Факултет за општествени науки, хуманистички и уметнички науки Оддел за Меѓународни и Европски науки(1990) Оддел за образовна и социјална политика (1998) Оддел за музичка наука и уметност (1998) Факултет за информатички науки Оддел за применета информатика (1992)

Наводи

Надворешни врски

Македонија Категорија:Образованието во Солун