Паркот на природата Јегричка се наоѓа на територија на Војводина меѓу општините Бачка Паланка, Темерин, Врбас и Жабаљ. Зафаќа површина од 11,144 хектари и 81 ари. Се наоѓа под заштита на државата како значајно природно богатство од III категорија. Според класификацијата на Меѓународен сојуз за заштита на природата (МСЗП) спаѓа во V категорија како заштитен копнено/морски предел. Овој парк се наоѓа во средниот тек на реката Јегричка.
Географски одлики Паркот се наоѓа во Бачка и во него доминираат речни, мочуришни и барски биотопи. Пределот е оббраснат со трска, хидрофилни ливади и солени регии. Се наоѓа на надморска височина од околу 70 метри. Климата е умерено-континентална, летата се долги и топли, додека зимите се остри. Најважниот речен тек е Јегричка, чиј дел на овој простор е заштитен со закон поради особените природни одлики.
Флора и фауна На просторот на паркот се наоѓаат околу 80 видови на водни и мочуришни растенија, од кои многу се заштитени како: белиот лотос (Nymphea alba), водена папрат (Thelypteris palustris), воден орев (Trapa natans), мешинка (Utricularia vulgaris), и други. Фауната ја чинат околу 150 регистрирани животински видови, од кои многу се ретки и загрозени видови — голем воден бик (Botaurus stellaris), големото штипче (Podiceps nigricollis), црниот кожувар (Aythya nyroca), патка лажичарка (Anas clypeata), дива гуска (Anser anser), блатна еја (Circus aeroginosus), мала барска кокошка (Porzana parva), синогушка (Luscinia svecica), белобрада рибарка и црна рибарка (Chlidonias hybridus, Ch. niger). Јегричка е исто така важно живеалиште на видри, што докажува дека има здрав, богат фонд на риби од околу 80 алохтони и автохтони видови, во чисто еколошко живеалиште.
Мерки на заштита На просторот на Паркот на природата Јегричка се спроведуваат мерки за заштита на природните богатства. Такви мерки се: отстранување на калта, ограничено користење на пестициди, забрана на сечење на трски, културно однесување и собирање на отпадокот. Во заштитениот простор овозможена е научна-истражувачка работа, туризам, рекреација, едукација, уредување на бреговите и стазите, како и мониторинг на растителните и животинските видови.
Галерија
Поврзано
Паркови на природата во Србија Јегричка Паркот на природата Стара Тиса кај Бисерен остров
Наводи
Надворешни врски
ПП Јегричка - Покрајински секретаријат за заштиту животне средине (српски) ПП Јегричка - Друштво љубитеља природе Темерин (српски)
Категорија:Заштитени подрачја во Србија Категорија:Бачка Категорија:Паркови во Србија