Хелмштет () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Волфенбител, слободниот град Брауншвајг, округот Гифхорн, слободниот град Волфсбург и сојузната покраина Саксонија-Анхалт (окрузите Берде и Харц).

Географија

Округот се граничи со ридскиот масив Елм на запад и шумата Лапвалд на исток. Големи делови од округот се дел од Природниот парк Елм-Лапвалд.

Историја

Во текот на средниот век во Елм бил ископуван варовник; овој варовник бил користен за гробот на Хајнрих Лавот, како и за царската катедрала во Кенигслутер. Во средниот век, Кенигслутер бил меѓу најбогатите градови во целото Свето Римско Царство. Во 1576 година бил основан Хелмштетскиот универзитет, кој бил најголем универзитет во протестантска Германија.

Војводството Брауншвајг (настанато од Брауншвајг-Линебург) создало административни окрузи во 1833 година; округот Хелмштет бил еден од тие окрузи. Бил поделен на амтови Калферде, Кенигслутер, Хелмштет, Шенинген и Форсфелде.

Во 1944 година, амтот Калферде, кој претставувал ексклава, бил предаден на округот Халденслебен. Во текот на административните реформи во 1970-тите години, северните делови на округот биле предадени на округот Гифхорн и на градот Волфсбург; округот добил делови на запад од округот Гифхорн и од округот Брауншвајг).

Во текот на век, областа помеѓу Хелмштет и Шенинген била користена за ископ на лигнит. Неколку села (Алферсдорф, Биденштет и Рунштет) биле уништени од површинските копови; нивните жители биле преместени во Хелмштет, Шенинген и во новоизграденото село Ној Биденштет, подоцна преименувано како Биденштет.

Грб

Во горниот дел е прикажан хералдичкиот коњ на Долна Саксонија. Во долниот дел се симболите за рударство и земјоделство.

Градови и општини

мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Хелмштет

ГрадовиСлободни општиниСлободни областиОпштински заедници Хелмштет Кенигслутер Шенинген Лере Брунслеберфелд Хелмштет Кенигслутер Мариентал Шенинген 1. Граслебен Граслебен1 Мариентал Кверенхорст Ренау 2. Хезеберг Бајерштет Гефенслебен Јерксхајм1 Зелинген 3. Норд-Елм Фрелштет Ребке Зиплинген1 Зиплингенбург Варберг Волсдорф 4. Фелпке Бардорф Дандорф Графхорст Грос Твилпштет Фелпке11седиште на општинската заедница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија