мини|исправено=1.5|Карта на општините во Полска. Општината во Полска, наречена гмина (, мн. ) е третостепена и основна управна единица на државата. Во 2010 г. Полска имала вкупно 2.478 општини.Централна статистичка служба на Полска , 1 јануари 2006 г. Поимот гмина доаѓа од германскиот збор „гемајнде“ (Gemeinde), со значење „општина“ или „заедница“Gemeinde — Германско-македонски речник, он.нет.
Оваа единица е воведена во 1974 г. како замена за дотогашната помала единица „громада“ (). Постојат три вида општини:
градска општина () која се состои едноставно од еден град градско-селска општина () која се состои од помал град и околните села селска општина () која се состои само од села (поретко само од едно село).
Некои селски општини го имаат седиштето во град или гратче кое не се наоѓа на нивната територија. На пр. селската општина Агустув е со седиште во градот Аугустув, иако градот е градска општина сама по себе и со тоа не е дел од неа.
Законодавното и управно тело на секоја општина е општинскиот совет () или градскиот совет: () кај градовите. Извршната власт е во рацете на избран општински началник, наречен „вујт“ () кај селските, градоначалник () кај градските и градско-селските општини, или претседател () во градовите со преку 400.000 жители. Една општина може да има помошни единици () како потчинети управни единици. Во селските подрачја, тоа е началништвото (), а во градските тоа е делницата () или населбата (); кај градско-селските општини, самиот град може да биде прогласено за помошна единица.
Видови задачи и цели Секоја општина има два вида надлежности: сопствени и поверени. Ова се работи на самоуправата во служба на граѓаните. Тие можат да бидат:
задолжителни — задачи кои општината мора да ги врши, за кои мора да изготви буџет со цел да се задоволат јавните потреби на заедницата изборни — задачи кои се вршат според расположливоста на средства, а служат за поединечни потреби во месни размери (на одговорност на самата општина и исклучиво со свои средства).
Сопствени задачи Поважните сопствени задачи се работи како урбанизмот и просторното планирање, заштитата на животната средина, водостопанството, грижата за селските патишта, улиците, мостовите, плоштадите и сообраќајните помагала, канализацијата, комуналната хигиена, одржувањето на чистотата и редот, управувањето со отпадот, снабдувањето со струја и гас, јавниот превоз, здравството, социјалата помош, старечките домови, социјалните станови, образованието, културата, историските споменици и нивната заштита, рекреативните и туристичките места, пазариштата, јавното зеленило и парковите, гробиштата, полицијата, противпожарната служба и граѓанската заштита, како и застапување и промовирање на самоуправни иницијативи за соработка меѓу јавноста, општината и невладиниот сектор, односи со други заедници во странство итн.
Поверени задачи Поверените задачи ги подразбираат останатите јавни работи кои произлегуваат од потребите на државата, предвидени да се спроведат на месно ниво. Ваквите задачи се поверуваат согласно подзаконски акти, повелби и уредби донесени од владата, или пак со спогодба помеѓу самоуправната единица и централната власт.
Вкупен број на општини по видови Број на општини по војводства Војводство ДШ КП ЛЛ ЛШ ЛЃ МП МЗ ОП ПК ПЛ ПМ ШЛ СК ВМ ГП ЗП Полска Градски општини 36 17 20 9 18 15 35 3 16 13 25 49 5 16 19 11 307 Градско-селски општини 55 35 22 33 25 43 50 32 31 24 17 22 26 33 90 52 588 Селски општини 78 92 171 41 134 124 229 36 113 81 81 96 71 67 117 51 1.584 Вкупно општини 169 144 213 83 177 182 314 71 160 118 123 167 102 116 226 114 2.479 од кои: селски општини со вонпштинско седиште 14 13 17 5 15 9 15 0 12 12 13 0 1 15 11 8 160
Скратеници за војводствата: ДШ: Долношлеско, КП: Кујавско-поморско, ЛЛ: Лублинско, ЛШ: Лубушко, ЛЃ: Лоѓско, МП: Малополско, МЗ: Мазовско, ОП: Ополско, ПК: Поткарпатско, ПЛ: Подласко, ПМ: Поморско, ШЛ: Шлеско, СК: Светокришко, ВМ: Варминско-мазурско, ГП: Големополско, ЗП: Западнопоморско.
Најголеми и најмали општини НАЈГОЛЕМА Население(2006) Површина(км2) Густина(жит/км2) Градска Варшава (1.697.596) Варшава (517,22) Швјентохловице (4.156,80) Селска Хелмјец (24.344) Валч (574,89) Бучковице (542,70) Градско-селска Пјасечно (61.525) Пиш (633,69) Воломин (801,69) Град во градско-селска општина Ниса: Ниса (47.545) Шчитна: Шчитна (80,38) Сваженѕ: Сваженѕ (3.469,23) Селски дел од градско-селска општина Вјеличка: селски дел (28.864) Пиш: селски дел (623,61) Швјантники Гурне: селски дел (407,86) НАЈМАЛА Население(2006) Површина(км2) Густина(жит/км2) Градска Крињица Морска (1.364) Гурово Илавецке (3,32) Крињица Морска (11,74) Селска Ќисна (1.663) Јејковице (7,59) Лутовиска (4,63) Градско-селска Нове Варпно (1.559) Швјантники Гурне (20,35) Нове Варпно (7,88) Град во градско-селска општина Вишмјежице: Вишмјежице (892) Ставишин: Ставишин (0,99) Сураж: Сураж (28,94) Селски дел од градско-селска општина Нове Варпно: селски дел (363) Сухедњув: селски дел (15,54) Нове Варпно: селски дел (2,09)
Наводи
Надворешни врски
Површина и население на територијалните единици на Полска во 2006 г. — Централна статистичка служба, 1 јануари 2006 г. (стр. 49–151) Интерактивна карта на даночните приходи на општините во Полска во 2014 г. — forsal.pl
Категорија:Административна поделба на Полска