Dermestes undulatus — вид на инсект од фамилијата Dermestidae. Овој вид е космополитски распространет.

Овие инсекти се последни кои го населуваат телото, при распаѓање, во фаза на скелетонизација. Се појавуваат на пролет, во април, мај и јуни. Овој инсект може да се најде на засенчени места, подалеку од сонце, бидејќи не е љубител на светлина. Јајцата ги полага исто така на темно и ладно место, во внатрешноста на телото во распаѓање или под некој друг предмет.

Надворешниот изглед им е карактеристичен и се разликуваат од другите инсекти од редот на тврдокрилци. Нивната големина се движи од 3 мм до 9 мм. На дорзалниот дел од трупот и главата се наоѓаат златно-кафени влакнести израстоци. Дорзалниот дел е со темнокафено до црно обојување, додека вентралниот дел е со шара со сиво обојување.

Во светот често се користи при форензичка ентомологија, а во Македонија оваа наука сѐ уште е во развој. 

Наводи

Категорија:Инсекти