мини|300px|Сенокос мини|десно|Стог сено во село Пискупштина Сено – косена и сушена трева, која се користи како животинска храна. Количината на влага се смалува со сушењето од приближно три четвртини во зелената трева на приближно една петтина во сеното. Сеното обично се прави од осатка, луцерка и детелина. Тревата обично се коси на нива или на ливада додека е уште зелена, а потоа се суши. Сеното се компресира во правоаголни бали и се врзува со жица или јаже, а често се складира и во облик на стогови. Сеното претставува основна зимска храна за говедата и коњите.
Најдобри услови за производство на сено се во доволно влажни долини и полиња со умереноконтинентална и атлантско-приморска клима, потоа во планински котлини и шумски полјани...
Косењето се врши рачно со помош на коса или со машини (механички косилки и балирки), а потоа се собира рачно со вили или машински.
Стог Стоговите се купишта сено, накупчени на различни начини во зависност од областа, климата и други особености.
За да го задржи својот квалитет сеното треба да се заштити од надворешните временски услови, а за истото најпогодно е негово складирање во затворени градби. Меѓутоа заштитата од времето може да се обезбеди и со складирање на сеното на отворен простор, во стогови или во големи пресувани бали (цилиндрични или правоаголни). Овие методи зависат од површината на сеното (стог или бала) земајќи го предвид влијанието на времето и заштитата на масата сено.
Традиционално, складирањето на отворено било вршено во стогови од сено, така што најголемиот дел од сеното бил доволно зачуван преку зимата, а горниот слој кој бил подложен на временските промени ќе се искористи како органско ѓубре наредното лето.
За да се заштити стогот да не го јадат животни може да се направи ограда.
Македонски народни поговорки За магаре сено, та за него збор. Мама вино не пијат, коза сено не јадит. Не е сено за магаре. Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат. Дај му на коњо зоб и сено за да ти носи тоарот.
Сеното како мотив во уметноста „Сено“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 51. Кола сено - слика масло на платно од англискиот сликар Џон Констабл.
Галерија
Наводи
Литература Мала енциклопедија Просвета — Општа енциклопедија (М—Ш). Издавачко предузеће „Просвета“, Београд 1959.
Надворешни врски Надворешни врски
Hay Harvesting in the 1940s instructional films, Center for Digital Initiatives, University of Vermont Library
Категорија:Фуражни култури Категорија:Сточна храна