Свети Ѓорѓи — главна селска црква во пијанечкото село Град.

Местоположба Храмот се наоѓа во непосредна близина на сретселото.

Историја Црквата била изградена во 1858 година, а во 1904 година била срушена во земјотрес. Подоцна, била повторно изградена. Не е познато кога и од кој архијереј била осветена.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата, а црквата има и спореден влез на северната страна над којшто има полукружен каменорез. Храмот има два ката, од коишто вториот е со помала површина. На јужната страна на првиот кат има четири бифори, на северната страна на првиот кат има три бифори, додека од двете страни на вториот кат има по четири полукружни прозорци. На апсидата има три монофори. Храмот во целост е обоен во бела боја, а рабовите и орнаментите се светлоцрвени. Покриен е со кров од ќерамиди. Црквата не е зографисана. Иконите биле изработени во и век од страна на зографот Гаврил Атанасов.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и помошниот објект. Камбанаријата се издига западно од црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен и содржи по еден помал правоаголен отвор на секоја страна, додека горниот дел е изграден од тули и содржи по еден поголем правоаголен отвор на секоја страна. Камбанаријата е покриена со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Град Брегалничка епархија Делчевско архијерејско намесништво Ѕвегорска парохија

Наводи

Надворешни врски

Град Категорија:Град (Делчевско)