Пашки Козјак (, порано само KozjakLeksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 4: Štajersko. 1904. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 270.; ) — населба во Градската општина Велење, северна Словенија, сместена на ридовите источно од градот. Местото традиционално ѝ припаѓа на областа Штаерска. Целата општина денес е во состав на Савињскиот статистички регион.Општински портал на Велење Наречена е по сртот Пашки Козјак (1.272 м) сместен североисточно од населбата.
Име Прво сведоштво за местото постои во документ од 1296 г. кој го именува како Похсрук (Pochsruk), што значи „Козји Грб“. Во 1403 г. веќе се среќава како Козјак (Gosyak и Kosyak).Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 208. Денес се нарекува „Пашки“ по блиското место Пака, разликувајќи го од соседниот Козјак кај Мислиња.
Историја Пашки Козјак е познат од борбите во НОБ кои се одиграле ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 1944 г. кога словенечките партизани се обиделе да ги пробијат германските редови за да стасаат до масивот Похорје. На местото е подигнат гранитен споменик во сеќавање на загинатите партизани.Национално културно наследство на Словенија, назнака ešd 4177
Поврзано Похорје
Наводи
Надворешни врски Пашки Козјак — Геопедија
Категорија:Градска општина Велење