мини|Александар Антонов Александар Антонов (псевд. А. Горов, Севастијанов) (Пирдоп, Бугарија, 1881 – Софија, 3 април 1907) – бугарски социјалист од групата пролетари.
По завршувањето на Битолската гимназија кратко време учителствувал во Кочанско, а потоа се вклучил во македонското социјалистичко движење „Класно сознание“. Го потпомагал Пејо Јаворов во издавањето на весникот „Дело“.
За време на Илинденското востание е четник во четата на неговиот сограѓанин Никола Пушкаров.
По крајот на востанието пишува статии во „Пролетариј“, „Ново време“, „Македоно-одрински преглед“ и „Црвен народен календар“.
Го проучувал економскиот и револуционерниот проблем во Македонија и Европска Турција. Интелигенцијата ја сметал за предводник на ослободителната борба. Во неговите последни години живеел во мака во Софија заедно со македонскиот револуционер Алексо Мартулков.
Тешко болен со туберкулоза, се самоубил.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, том I, 72 стр.
Наводи
Категорија:Бугарски социјалисти Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Самоубијци Категорија:Луѓе од Пирдоп