Армен Џигархањан (; ; роден на 3 октомври 1935 - 14 ноември 2020 година) е ерменски и руски (поранешен советски) глумец. Тој е еден од најпознатите живи филмски и театарски глумци, и еден е од основачите, претседател и уметнички раководите на Московскиот драмски театар од 1996 година.Претседател на театарот, Армен Џигархањан. // dzigartheater.ruПостановление Правительства Москвы от 12 марта 1996 года № 246 «О создании Московского драматического театра под руководством А. Б. Джигарханяна». АО «Кодекс» // docs.cntd.ru.
Животопис Армен Џигархањан е роден во Ереван, советска република Ерменија, на 3 октомври 1935 година. Неговиот дедо од таткова страна потекнувал од ерменско семејство во Тбилиси. Учел во руското училиште што го носи името на Чехов. Меѓу 1953 и 1954 година, работел како помошник камерман.Архива на avproduction.am
Кариера Глума Учел глума кај Армен Гулакјан до 1958 година, и работел во рускиот театар во Ереван „Станиславски“ до 1967 година. Настапувал во театарски изведби на дела на Александар Островски, Максим Горки, Шекспир, Тенеси Вилијамс, и на други современи светски и руски автори.
Во 1967 година, Џигархањан се преселил во Москва за да работи во театарот „Ленком“, но во 1969 година, се приклучил на театарот „Мајаковски“, каде работел до 1996 година, речиси 30 години. Улогата на Сократ во драмата Контроверзи со Сократ од 1975 година му донела признание „најинтересен и најсилен глумец на современата сцена“.
Во текот на 1970-те и 1980-те години Џигархањан повеќе се појавувал на филм отколку во театар.
Режија Во периодот од 1989 до 1997 година, Џигархањан предавал на Институтот за кинематографија Герасимов, а во 1996 година основал свој театар наречен „Д“, кој денес се вика „Московски драмски театар под раководство на Армен Џигархањан“. На сцената на неговиот театар биле одиграни бројни претстави, меѓу кои биле делата на Семјуел Бекет и Харолд Пинтер.
Награди и признанија Армен Џигархањан е добитник на повеќе награди и признанија за својата работа, меѓу кои:
Народен глумец на СССР (1973) Орден на заслуги за татковината, III класа (1995) Орден на заслуги за татковината, IV класа (2005) Орден на Александар Невски (2006) „Кристален Турандот“, највисока театарска награда во Москва (2010) Ордден на заслуги за татковината, II класа (2010) Народен глумец на советска Ерменија (1977) Почесен граѓанин на Ереван (2001) Орден на честа на Ерменија (2010)
Наводи
Надворешни врски
(англиски)
од страна на ТВ Shant Фото галерија на Dzhigarkhanyan на РИА Миа библиотека медиуми
Категорија:Статии со надворешни врски на англиски Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од II степен Категорија:Народни уметници на Ерменија Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Народни уметници на Руската СФСР Категорија:Починати во Москва