Света Петка — главна селска црква во селото Селник. Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Македонија.Илиевска-Арсова, В. (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“. Штип, Центар за развој на Источен плански регион. стр. 31.

Историја

Точни податоци за изградбата на црквата не се достапни, но според трите слоја на фрескоживописот, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, се претпоставува дека истата била изградена некаде во XIV век.„Звегорска парохија “. Брегалничка епархија.

Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“.

Во 2001 година, црквата била реконструирана, а во дворот биле изградени помошни објекти. Секоја година на 27 октомври, т.е. на празникот Петковден, во црквата се организира голем собор.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочки. Градена е од кршен камен и вар. Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка.

Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626).

Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски.

Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.

Галерија

Поврзано Список на културно наследство на Македонија Делчевско архијерејско намесништво Ѕвегорска парохија Селник

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Селник Габрово