Финалето на Светското првенство во фудбал 2018 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство во фудбал 2018 година. Ова ќе биде 21-во финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кој се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на Лужники во Москва на 15 јули 2018 година.

Во финалето играле Франција и Хрватска.

Франција победила во финалето со 4–2, откако воделе со 2–1 на полувремето со автогол и гол од пенал кој бил досуден со помош на video assistant referee системот којшто за првпат бил во употреба за време на едно финале на Светско првенство. Исто така тоа било првпат некој да постигне автогол за време на финале на некое Светско првенство. Франција исто така станала втората репрезентација после Бразил во 2002 која ги добила сите свој натпревари во нокаут-фазата без продолженија или пенали. Како светски шампион, Франција стекнала право да игра на ФИФА Купот на конфедерации во 2021 година.

Стадион

thumb|left|Надворешен изглед на Стадионот Лужники ноќе Финалниот натпревар бил одигран на Стадионот Лужники во Москва, сместен во округот Хамовники, во Централниот административен округ. За домаќин на финалето на Светското првенство 2018, Стадионот Лужники бил избран на 14 декември 2012, после состанокот на извршниот комитет на ФИФА во Токио, Јапонија. Покрај финалето, стадионот бил домаќин на уште шест други натпревари, вклучувајќи го и првиот натпревар со кој било отворено првенството на 14 јуни, како и вториот полуфинален натпревар меѓу Хрватска и Англија на 11 јули.

Стадионот Лужники, претходно познат како Гранд арена на Централниот Ленин стадион до 1992, оторен е во 1956 година како дел од олимпискиот комплекс Лужники. Лужники е национален стадион на фудбалската репрезентација на Русија, на кој се одиграни бројни натпревари на руската репрезентација, како и на Советскиот Сојуз. Претходно, стадионот како домашен го користеле неколку клубови: ЦСКА Москва, Торпедо Москва и Спартак Москва, но моментално не го користи ниту еден клуб. мини|thumb|Внатрешност на Стадионот Лужники Стадионот Лужники пред Светското првенство во фудбал 2018, угостил бројни други меѓународни настани. Бил главен стадион на Летните олимписки игри 1980; на него се одржани церемониите за отворање и затворање на игрите, како и натпреварувањата во атлетика, фудбал (четири натпревари, вклучувајќи го и финалето) и поединечни коњечки скокови. Стадионот бил домаќин на финалето на Купот на УЕФА 1999, како и финалето на Лигата на шампионите 2008. Од другите натпреварувања, на Стадионот Лужники е одржана Спартакијадата, финалето на Светското првенство во хокеј на мраз 1957, Летната универзијада 1973, Игрите на пријателството 1984, Годвилските игри 1986, Светските игри за млади 1998, Светското првенство во рагби седмица 2013, како и Светското првенство во атлетика 2013. Исто така на стадионот свој концерти одржале бројни музички ѕвезди како: Мајкл Џексон, The Rolling Stones, Мадона, Metallica, U2 и Red Hot Chili Peppers. Московскиот музички фестивал на мирот бил одржан на стадионот во 1989.

Како стадион од категорија 4, Лужники е најголем стадион на Светското првенство 2018, со максимален капацитет од 81.006. Стадионот е исто така најголем во Источна Европа и осми наголем во Европа. Како дел од кандидатурата на Русија за Светското првенство, стадионот бил реконструиран и проширен; работите започнале во август 2013. Самоодржливата конструкција била сочувана, како и историскиот преден дел на стадионот. Реконструкцијата е завршена во 2017, а вкупните поправки чинеле 350 милиони евра.

Патот до финалето

Франција Рунда Хрватска Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат 2–1 Натпревар 1 2–0 1–0 Натпревар 2 3–0 0–0 Натпревар 3 2–1 Победник на Група Ц Табела на групата ЦНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321031+27 2.312021+15 3.31022203 4.301225-31 Завршен поредок Победник на Група Д Табела на групата ДНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.330071+69 2.311135-24 3.310234-13 4.301225-31 Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат 4–3 Осминафинале 1–1 2–0 Четвртфинале 2–2 1–0 Полуфинале 2–1

Натпреварот Детали

GK 1 Иго Лорис RB 2 Бенжамен ПаварCB 4 Рафаел ВаранCB 5 Самуел УмтитиLB 21Лукас Ернандес CM 6 Пол ПогбаCM 13Н'Голо Канте RW 10Килијан МбапеAM 7 Антоан ГризманLW 14Блез Матуиди CF 9 Оливје Жиру Замени:MF 15Стивен Нзонзи MF 12Корентан Толисо FW 18Набил Фекир Селектор:Дидје Дешан GK 23Даниел СубашиќRB 2 Шиме Врсаљко CB 6 Дејан ЛовренCB 21Домагој ВидаLB 3 Иван Стриниќ CM 7 Иван РакитиќCM 11Марцело БрозовиќRW 18Анте Ребиќ AM 10Лука Модриќ LW 4 Иван ПеришиќCF 17Марио МанџукиќЗамени:FW 9 Андреј Крамариќ FW 20Марко Пјаца Селектор:Златко Далиќ

Играч на натпреварот: Антоан Гризман (Франција)

Помошни судии: Ернан Мајдана Хуан Пабло Белати Четврти судија: Бјорн Кајперс Резервен помошен судија: Ервин Зеинстра Video assistant referee: Масимилијано Ирати Video assistant referees помошници: Мауро Вилјано Карлос Астроса Дани Макели |}Правила на натпреварот 90 минути 30 минути продолженија ако е потребно Пенали ако резултатот и понатаму е нерешен Максимално 12 играчи на клупата Максимално 3 замени, со можност за четврта доколку се влезе во продолженија

Наводи

Надворешни врски

SP 2018. na The Soccerworldcups.com

Категорија:Светско првенство во фудбал 2018 Категорија:Спорт во Москва Категорија:Русија во 2018 Категорија:Фудбалот во 2018 Категорија:Фудбалски натпревари на француската репрезентација Категорија:Фудбалски натпревари на хрватската репрезентација