мини|десно|260п|Кревет Кревет (), постела или легло – дел од мебелот што служи за спиење. Облиците и големините на креветите се многу различни.

Првобитните кревети биле само куп слама или некој друг природен материјал. Битна промена била изработката на цврсти конструкции кои биле издигнати над земја, со што се постигнала поголема заштита од прашина и инсекти. Според видот материјал од кој е изработена конструкцијата, креветите може да бидат: дрвени, метални и дрвено-метални.

Видови кревети мини|десно|260п|Кревети на кат во детска соба мини|десно|260п|Креветче за мали деца

Полски кревет — кревет на расклапање за кампирање или за војници за теренски услови Француско легло — кревет со поголеми димензии за две лица (друг назив брачен кревет) Креветче — мал кревет за деца обично со ограда Кревет на кат — два кревета еден над друг обично за деца Војнички кревет — кревет со метална конструкција Хотелско легло — обичен кревет од дрво со душек

Креветот како тема во уметноста и во популарната култура „Креветски пештери“ (англиски: Bed Caves') — песна на англиската рок-музичарка Дениел Дакс (Danielle Dax)“ од 1983 година.Danielle Dax – Pop-Eyes (пристапено на 7.9.2021) „Да одиме в кревет“ (англиски: Let's Go To Bed) — песна на британската рок-група Кјур (The Cure).YouTube, The Cure - Let's Go To Bed (пристапено на 26.9.2019) „Кревет во аголот“ (англиски: Bed In The Corner) - песна на британската рок-група Кокни ребелс (Cockney Rebels) од 1974 година.Cockney Rebel – The Psychomodo (пристапено на 11.6.2022) „Креветот е преголем без тебе“ (англиски: The Bed's Too Big Without You) — песна на британската рок-група Полис (The Police) од 1979 година.Discogs, The Police – Reggatta De Blanc (пристапено на 7 март 2021) „Кревет“ (англиски: The Bed) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.YouTube, Lou Reed - The Bed (audio) (пристапено на 31.3.2020) „Безобразен кревет“ — песна на македонската група Фолтин од 2012 година.Фолтин, Антитело, MKC 005, 2012. „Крал на каучот“ — песна на Фолтин од 2012 година. „Ела си в кревет“ — песна на Фолтин од 2015 година.Фолтин, Пијан славеј, НУ Центар за култура, Битола, 2015. „Кревет од клинци“ (англиски: Bed Of Nails) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü'') од 1987 година.Discogs, Hüsker Dü ‎– Warehouse: Songs And Stories (пристапено на 23.6.2020)

Поврзано Кауч Софа Вреќа за спиење Постелнина

Наводи

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Куќа Категорија:Мебел Категорија:Турцизми