Сонсорол (сонсоролски и англиски: Sonsorol) — една од шеснаесетте сојузни држави на Палау. Сонсорол е составена од четири острови и секој остров претставува засебна општина. Административен центар на државата е селото Донгосару на островот Сонсорол.

Географија Државата е составена од четири острови, од кои само Сонсорол е населен. Секој остров е засебна општина. Селото Донгосару се наоѓа на островот Сонсорол. Овие четири острови, заедно со островите во Хатохобеј ја сочинуваат островската група Југозападни Палауански Острови. Според податоците од 2014 година, оваа држава има само 42 житела. Луѓето зборуваат сонсоролски и палауански јазик. Ненаселените острови биле населени сè до тајфунот кој ја погодил државата во 2012 година.

бр. остров село Area(км2) население2014 координати 1 Фана 0.48 0 2 Сонсорол Донгосару 1.31 42 3 Пуло Ана 0.42 0 4 Мерир 0.91 0 Сонсорол Донгосару 3.12 42  

Острови

Фана

Фана е мал остров кој е опкружен од гребен, на 160 до 480 метри од брегот. Островот има округла форма и пречник од 350 метри. Островот има густа шума и истиот е оддалечен самоо 1,6 км од Сонсорол. До 2012 година градоначалник на Фана бил Маријано Карлос.

Сонсорол

Островот Сонсорол, или познат и како Донгосаро, е главниот остров во сојузната држава и единствен населен. Островот е опкружен со корален гребен на оддалеченост од 160 до 480 метри од брегот. Сонсорол е оддалечен од Фана 1.6 км. Сонсорол е долг 2 км во правец југ-север, а широк 890 метри. На островот се наоѓа единственото населено село во сојузната држава - Донгосаро, кое воедно служи и како главен град. Селото се наоѓа на западниот брег. Островот има густа шума од кокосови палми. Се верува дека Сонсорол можеби е првиот остров во Палау на кој пристигнале Европејците. По катастрофата со тајфунот „Бофа“, владата планира изградба на островот и изградба на мало пристаниште.

Пуло Ана

Пуло Ана или Пуро е мал остров кој е опколен од корален гребен на оддалеченост од 460 метри од брегот. Островот има скоро кружна форма и има должина 800 метри, а ширина од 550 метри. Порано на островот имало село наречено Пуро, кое се наоѓало на северозападната страна на островот, но денес целиот остров не е населен. Населението било евакуирано за време на тајфунот од 2012 година.

Мерир

Островот Мерир или Мелиели е четвртиот остров во сојузната држава. И овој остров е опколен со корален гребен на оддалеченост од 1100 метри од брегот на јужната страна и на 160 метри на северната страна. Должината на островот е 2.200 метри, а ширината е 600 метри. На островот имало и село именувано како Мелиели, имало радио станица и истото се наоѓало на северозападната страна на островот. Денес островот не е населен и населението било евакуирано поради тајфунот кој ја погодил државата во 2012 година.

Историја Европејците кога истражувале прво ги „откриле“ Фана и Сонсорол со бродот шпанскиот „Тринидад“, под команда на Гонсало Гомес де Еспиноза на 6 мај 1522 година.Brand, Donald D. The Pacific Basin: A History of its Geographical Explorations The American Geographical Society, New York, 1967, p.119.Sharp, Andrew The discovery of the Pacific Islands Oxford, 1960, p.10. Двата острова биле означени на карта со заедничкото име „Острови Сан Хуан“ („Свети Јован“) бидејќи пристигнале на истоимениот празник. Подоцна, шпанска мисионерска експедиција под команда на Франсиско Падилја пристигнала на Сонсорол на 30 ноември 1710 година, која пак патувала од Манила. Во 1712 година островите биле истражени и од Шпанецот Бернардо де ЕгојCoello, Francisco "Conflicto hispano-alemán" Boletín de Sociedad Geográfica de Madrid, t.XIX. 2º semestre 1885, Madrid, p.247

Во декември 2012 година државата била погодена од тајфунор „Бофа“. Луѓето биле евакуирани во Акебесанг во Корор. Имало 37 лица од Сонсорол, 19 од Пуло Ана и 2 од Мерир. По неколку месеци, поради одлука на владата, само Сонсорол бил поврорно населен. 42 се вратиле на Сонсорол.

Образование Образовните активности и институции во државата се надлежност на Министерството за образование на Палау. Во Сонсорол има две училишта:

Основно училиште Пуно Ана - изградено во 1972 и има една училница со еден наставник"Pulo Anna Elementary School ." Ministry of Education (Palau). Посетено на February 22, 2018. Основно училиште Сонсорол - изградено во 1972 со една училница и еден наставник"Sonsorol Elementary School ." Ministry of Education (Palau). Посетено на February 22, 2018.

Децата своето средно образование го продолжуваат во Корор каде се наоѓа единственото средно државно училиште."About ." Palau High School. Посетено на February 22, 2018.

Наводи

Поврзано Палау Сојузни држави во Палау Сонсоролски јазик

Надворешни врски Остров Сонсорол Општини во Сонсорол Сателитски снимки Правци за пловидба

Категорија:Сонсорол