Металоксиден полуспроводник N-тип, NMOS (скратеница од ) - технолошка генерација на изработка на интегрирани кола, створена во 70-ите години на XX век. Нејзин наследник кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите била HMOS технологијата, но во текот на 80-тите обете биле напуштени заради недостатоци и развојот на технологиите CMOS и HCMOS.

NMOS технологијата користела MOSFET-транзистори во примената на логика на интегрираните кола.

Недостатоци Најголем проблем бил што еднонасочна струја поминува низ NMOS логичката врата и во состојба на логичка нула. Тоа значи дисипација на моќност дури и кога колото е неактивно.

Друг проблем бил бавната транзиција од нула во единица заради внатрешните капацитети и високиот отпор.

Трет проблем била чувствителноста на пречки.

Занимливост Познатиот микрообработувач Моторола 6800, заедно со своите помошни кола 6810 (RAM), 6821 (периферен интерфејсен адаптер), 6830 (ROM), 6850 (асинхрон комуникациски интерфејсен адаптер), бил изработено во NMOS технологија.Basic Microprocessors and the 6800, Ron Bishop. ISBN 978-0-8104-0758-9.

Поврзано CMOS DTL ECL HCMOS LSTTL RTL RCTL TTL

Наводи

Категорија:Електроника Категорија:Микрообработувачи Категорија:Микроконтролери Категорија:Информатика