Горан Главчев (роден на во Гевгелија) — македонски кошаркар кој настапувал за Академија ФМП.
Клупска кариера Горан Главчев ја имал започнато кошаркарската кариера во родниот гевгелиски Кожув кој се натпреварувал во Втората лига. Кожув, заедно со Главчев, го освоиле второто место во Втората лига на сезоната 2010/11 и со тоа оствариле унапредување во Првата лига. Горан Главчев, сега како прволигашки играч, продоложил да игра Кожув за во сезоната 2011/12. Во сезоната 2012/13, Главчев со Кожув станал вицепрвак во Лигата. Главчев во Кожув продолжил да игра и во сезоната 2013/14. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига. Во сезоната 2014/15, Горан како играч на Кожув станал вицепрвак во Купот 2015. Во Кожув останал и во сезоната 2015/16. Сезоната 2016/17 ја започнал во српски Младост од Земун, Но во декември истата година, се вратил во Кожув. Но и таму не останал долго, и во јануари 2017 година, преку новооснованиот клуб Блокотехна, бил пратен во второлигашот Радовиш. Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига и откако Радовиш му го отстапил местото на Блокотехна, Главчев се вратил во новиот прволигаш за идната 2017/18. За сезоната 2018/19, Главчев продолжил во редовите на Блокотехна. Со Блокотехна, Главчев ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Главчев со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во јули 2019 година, во Горан Главчев се преселил во Работнички за сезоната 2019/20. Во февруари 2020, Главчев се преселил во Академија ФМП.
Успеси
Титули Блокотехна НБ Балканска лига (1) : 2018/19
Признанија Почесно споменување во сезоната 2017/18 Почесно споменување во сезоната 2018/19 Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Горан Главчев на Eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Гевгелија