Мевалонската киселина (МВК) е клучно органско соединение во биохемијата; името е скратеница на дихидроксиметилвалеролактон. Анјонот на мевалонската киселина, кој претставува нејзината доминантна форма во клетката, е познат како мевалонат. Лековите како статини (кои го намалуваат нивото на холестерол во организмот) ја блокираат синтезата на мевалонатот со инхибиција на HMG-КоА редуктазата.
Хемија Мевалонската киселина е многу растворлива во вода и во други поларни органски растворувачи. Таа постои во рамнотежа со својата лактонска форма, наречена мевалонолактон, која се создава со внатрешна кондензација на терминалниот алкохол и карбоксилната група.
Биологија Мевалонската киселина е клучна молекула во биосинтетскиот пат познат како патот на мевалонската киселина (или мевалонатен пат), со кој синтетизираат стероидите и терпеноидите. Таа е претходник на соединението изопентенил пирофосфат (IPP), од кое се синтетизираат сите терпеноиди. Мевалонската киселина е хирална молекула, а (3R)-енантиомерот е оној кој е биолошки активен. мини|707x707пкс|Мевалонатен пат|алт=|центар
Наводи
Категорија:Органски киселини Категорија:Стероиди Категорија:Биохемија