Андреј Цветковски (роден на во Скопје) — македонски кошаркар кој настапува за Гостивар.
Клупска кариера Младинска кариера Сезоната 2013/14 ја поминал во младинскиот состав на МЗТ Аеродром и тогаш станал вицепрвак со М-18 составот (генерација 1996/1997). Со М-20 (генерација 1994/1995), Цветковски стигнал до полуфиналето на завршниот турнир. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига 2013/14. Со МЗТ, Цветковски станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.
Професионална кариера Во сезоната 2015/16, Цветковски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Сезоната 2016/17 ја започнал во МЗТ и со него го освоил Суперкупот на Македонија 2016, но таму останал сè до средината на ноември, кога се преселил во Кожув. На почетокот на 2017 година, Андреј се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш. Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Цветковски бил вратен во новиот гевгелиски клуб. При подготовките за сезоната 2017/18, Цветковски го повредил коленото со што ја пропуштил целата сезона како играч на Блокотехна. Следната сезона, Андреј продолжил во редовите на Блокотехна. Но за време на полусезоната, во јануари 2019 година, тој се преселил во Вардар. За сезоната 2019/20, Цветковски потпишал едносезонски договор со Пелистер. Во Пелистер не останал долго бидејќи по преговори од крајот на јануари до 10 февруари 2020 година, тој се договорил за раскин на договорот со Пелистер и потоа се преселил во Куманово 2009. За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Куманово. Тој, таа сезона не ја завршил во Куманово бидејќи се префрлил во Вардар во март 2021 година.
Успеси
МЗТ Аеродром Суперкуп на Македонија (1) : 2016
Признанија Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Андреј Цветковски на Eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје