Света Богородица — главна селска црква во горнореканското село Сенце. Црквата е сместена во источниот дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото.
Историја
Црквата во 2019 година била ограбена и притоа од нејзе биле одземени неколку икони, сребрен крст и пари.
Архитектура Градбата на црквата има четириаголна основа со осумаголна апсида во задниот дел. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Главната влезна врата се наоѓа на северната страна и над неа има ниша со слика на Богородица со Исус изработена на мермер, додека на западната страна има споредна врата. Апсидата на црквата е украсена со по една ланцетна вдлабнатина на секоја од страните.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и гробни споменици. Камбанаријата е со примитивен изглед и се состои од метални столбови кои образуваат квадратна основа со лимен кров.
Галерија
Поврзано Сенце Тетовско-гостиварска епархија Гостиварско архијерејско намесништво Мавровска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сенце Сенце