мини|Избув на Строкир во 2006 г. мини|Строкир во мирување. Строкир (, „бутин“) — гејзер во геотермалното подрачје крај реката Квитау во југозападен Исланд, источно од градот Рејкјавик. Се вбројува меѓу најпознатите гејзери во Исланд и избива на секои 6–10 минути. Водоскокот обично е висок 15-20 м, а напати знае да достигне 40 м.
Местоположба
Гејзерот е сместен во долината Хејкадалир, кој изобилува со други геотермални појави како кални вирови, фумароли, но и други гејзери, од кои се издвојува познатиот Гејсир, по кој е наречена оваа појава.
Историја Строкир за првпат се споменува во 1789 г. кога се случил земјотрес што го одзатнал проводот на гејзерот. Во текот на XIX век избивал колебливо; во 1815 г. достигал висина дури до 60 м. Продолжил да избива сè до почетокот на XX век, кога се случил друг земјотрес кој повторно го затнал проводот. Во 1963 г. е решено проводот да се прокопа со цел конечно да се одзатне, со што гејзерот продолжил редовно да избива до денес.
Туризам Гејзерот и околинаата редовно привлекува посетители бидејќи претставува еден од малкуте гејзери што избиваат често и навремено.
Поврзано Географија на Исланд Геологија на Исланд Список на вулкани во Исланд
Наводи
Надворешни врски
Информации за Строкир и слики Видеоснимка од избувнувањето на Строкир Панорамска виртуелна прошетка околу Строкир Камера во живо „Гејсир“ — Mila.is
Категорија:Гејзери во Исланд Категорија:Јужен Регион (Исланд)