Џамија во Требиште — главна и единствена џамија во долнореканското село Требиште. Џамијата се наоѓа во источниот дел од селото.
Архитектура Градбата на џамијата има правоаголна основа и е покриена со лимен кров со купола во среднишниот дел. На ѕидовите од џамијата има повеќе залачени прозорци распоредени во три реда, а залачени прозорци се среќаваат и на куполата. Особена одлика на џамијата е тоа што има две минариња со по три шерефиња.
Поврзано Требиште Дебарско муфтиство
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Требиште Категорија:Џамии во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Џамии во Дебарското муфтиство