Витаминка е македонско претпријатие (акционерско друштво) за прехранбени и кондиторски производи, основано во 1956 година во Прилеп.

Историја Витаминка А.Д. е основана во 1956 година во Прилеп, СР Македонија. Претпријатието е основано од тогашната државна власт и првичната замисла била да биде претпријатие за производство и обработка на црвен мелен пипер. Во 1976 година, раководството на претпријатието усвоило нов деловен план и проширување на производните капацитети и асортимани. Така, Витаминка започнала со производство на поголем број прехранбени производи. Набргу, Витаминка прераснала во водечко претпријатие во прехранбената индустрија во Македонија. Денес, Витаминка има над 600 вработени.

Производство „Витаминка“ е водечко претпријатие во прехранбената индустрија во Македонија. Од своето вкупно производство, околу 45% се пласира на пазарите надвор од Македонија. Своите производи Витаминка ги продава во повеќе од 30 држави, а во 2019 година започнала да извезува и во Јапонија.Мирослав Саздовски, „Витаминка започна со извоз во Јапонија“, Економија и бизнис, година 22, број 666, октомври 2020, стр. 6. Витаминка има над 350 видови пакувани прехранбени производи.

Во 2019 година, „Витаминка“ ја купила фабриката за масло „Брилијант“ од Штип.Мирослав Саздовски, „Две признанија за Витаминка“, Економија и бизнис, година 21, број 250, мај 2019, стр. 6.

Производи Поголемите брендови на Витаминка се: Стоби Флипс - вклучува 10 видови на Стоби Флипс Атлантис - чоколадни морски школки, има вкупно 3 видови Синтагма - чоколади, 9 видови Сириус - чоколади, 8 видови Луна - чоколади, 7 вида Витанез Кечап Витаминка Цевитана Асортиманот на Витаминка е поголем и вклучува различни видови производи и вкусови.

Награди и признанија Во 2019 година, македонската влада ѝ доделила на „Витаминка“ признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности. Признанието било доделено поради скратувањето на работното време на вработените во „Витаминка“ кои се враќаат од породилно отсуство во времетраење од три месеци. Покрај тоа, „Витаминка“ вовела и надоместок за трето дете. Покрај ова признание, како дел од манифестацијата „Најдоброто од Истокот“ која ја организира Здружението на новинарите од Источниот Регион, на „Витаминка“ ѝ било доделено признание за најдобра домашна инвестиција (за преземањето на фабриката за масло „Брилијант“ во Штип).

Белешки

Наводи Историјат на А.Д: Витаминка , vitaminka.com.mk Производи на А.Д: Витаминка, vitaminka.com.mk

Надворешни врски Службено мрежно место

Категорија:Претпријатија за чоколадо од Македонија Категорија:Прехранбени претпријатија од Македонија Категорија:Економија на Прилеп Категорија:Приватни претпријатија од Македонија