„Децата на полноќта“ (англиски: Midnight's Children) — роман на индиско-англискиот писател Салман Ружди од 1981 година. thumb|Салман Ружди Содржина Романот се состои од три книги со по 8, 15 и 7 глави, соодветно.

Прва книга Дупнатиот чаршав: Салем Синај, човек на возраст од 31 година, роден на полноќ, на 15 август 1947 година, за време на прославата на независноста на Индија. Тој почнува да ја раскажува својата животна приказна во присуство на жената со која живее, работничката Падма. Приказната започнува во 1915 година, кога неговиот дедо, Адам Азиз, се враќа во родниот град во Кашмир, по петгодишни студии по медицина на УНиверзитетот во Хајделберг. За време на студиите, татко му претрпел мозочен удар така што мајка му ја презела трговијата со скапоцени камења. Месниот земјопоседник Гани го повикува Адам Азиз да ја лекува неговата болна ќерка Насема. Кога пристигнува во домот на Гани, лекарот ја затекнува девојката покриена со чаршав за тој да не може да ја гледа.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 9-32. Меркурохром: По првата посета на докторот, Насема често заболува, па Адам често ја посетува и тоа трае неколку години при што тој запознава дел по дел од нејзиното тело. Всушност, тој е вљубен во девојката, а и таа покажува наклонетост кон него, преправајќи се дека постојано е болна. Во 1918 година умираат родителите на Адам. Еднаш го посетува Илза, неговата пријателка од Германија, која намерно се дави во езерото. Пролетта 1919 година се одржува свадбата на Адам и Насема, кои потоа се селат во Агра, каде Адам добива работа на универзитетот. Со себе, младенците го носат и чаршавот кого го чуваат како реликвија до крајот на животот. Патем, тие застануваат во еден град, каде Индијците одржуваат митинг против британската власт. Тогаш, британската војска пука во луѓето, убивајќи многу од нив, а Адам е непосреден сведок на масакрот.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 33-54. Плукни во кофата: Во 1942 година, Адам и Насема се веќе средовечен брачен пар со пет деца. Во тоа време, во Агра треба да се одржи собрание на организацијата „Слободен ислам“, а Адам е воодушевен приврзаник на водачот на организацијата, Мијан Абдулах. Меѓутоа, непосредно пред собранието, неколку маскирани луѓе влегуваат во седиштето на организацијата и го убиваат Абдулах. Неговиот секретар, поетот Надир Кан, успева да побегне и се сокрива во куќата на докторот Адам Азиз.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 55-77. Под ќилимот: Надир Кан живее скриен во подрумот на куќата на Адам Азиз, а Насема е против тоа и во текот на две години не зборува со никого. За Надир Кан се грижи ќерката на Адам, Мумтаза која се вљубува во бегалецот. Во 1943 година се одржува тајната венчавка на Надир Кан и Мумтаза, кои потоа живеат заедно во подрумот, а Насема не присуствува на венчавката. Во август 1945 година се разболува Мумтаза, а при прегледот, татко ѝ открива дека таа и Надир Кан немале никакви полови односи во бракот. Тогаш, Насема го прекинува тригодишниот молк, обвинувајќи го сопругот дека го уништил семејството, а за време на кавгата, најмладата ќерка Емералда оди во касарната и го пријавува Надир Кан кај мајорот Зулфикар. Во домот на Адам Азиз доаѓа војската, но во меѓувреме, Надир Кан успева да побегне, оставајќи порака дека ја ослободува Мумтаза од брачната обврска. Подоцна, мајорот Зулфикар ја бара Емералда за жена, а нивната свадба се одржува во 1946 година. Истата година, неколку месеци подоцна, Мумтаза се мажи за трговецот Ахмед Синај, кој неколку години претходно ѝ се додворува на најстарата ќерка Алија. Поради тоа, Алија никогаш повеќе не прозборува со сестра си Мумтаза, а истовремено решава да не се мажи. Веднаш по свадбата, Ахмед ѝ го менува името на Мумтаза во Амина.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 78-98. Прокламација: Во јануари 1947 година, Ахмед Синај и Амина живеат во Делхи. Иако во нејзините спомени сè уште живее Надри Кан, таа е вредна домаќинка, верна на сопругот кого се труди да го засака. Во тоа време, Амина сфаќа дека е бремена и чека згодна прилика да му каже на сопругот, но тој мора веднаш да ја напушти куќата поради веста за пожар во трговските складишта. Истиот ден, насобраната толпа во муслиманската улица сака да линчува еден Хиндус, а Амина храбро го зема во одбрана и му го спасува животот така што пред присутните ја кажува својата тајна за бременоста.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 99-122. Стоглавите чудовишта: Во знак на благодарност, спасениот Хиндус ја носи АМина кај својот роднина-гаталец, кој ѝ ја претскажува иднината на нејзиниот син. Истата ноќ, Ахмед Синај и неговите деловни соработници одат во старата тврдина со намера на една банда да ѝ дадат пари за да го спасат своето складиште. Меѓутоа, еден мајмун ги уништува парите и така пропаѓа зделката, а бандата веднаш подметнува пожар во складиштето. Тогаш, Ахмед решава да го напушти градот и во јуни 1947 година, тој и Амина се селат во Бомбај.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 123-143. Метволд: Во Бомбај, Ахмед Синај купува евтино англиска вила при што продавачот, Англичанецот Метволд, поставува услов новите сопственици да не менуваат ништо во вилата. Истовремено, еден весник објавува награда за детето што ќе се роди на полноќ, на 15 август, кога треба да биде прогласена независноста на Индија. Амина е убедена дека нејзиниот син ќе ја освои наградата.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 144-166. Тика-така: Конечно, Амина ја зафаќаат породилните болки и Ахмед ја носи во болницата на докторот Нарликар. Додека целиот град ја прославува независноста на земјата, Амина раѓа син. Истовремено, во другата соба, една сиромашна жена раѓа машко дете, чиј вистински татко е Метволд, при што таа умира за време на породувањето. Меѓутоа, акушерката Марија Переира ги заменува бебињата и на Амина ѝ го дава другото бебе на кое му го даваат името Салем. Три дена подоцна, бидејќи ја гризе совеста, Марија се пријавува кај Амина и оттогаш таа служи како дадилка на Салем. По некое време, Амина ја интервјуираат новинарите од весникот во кој е објавена статија и голема фотографија на „детето на полноќта“.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 167-187.

Втора книга Показалецот на рибарот: Салем е крупно и мирно бебе со небесносини очи. Тој расте многу брзо, а Амина и Марија го негуваат со голема љубов. Одвреме-навреме, во околината доаѓа уличниот свирач, заедно со синот Шива, кој е роден истовремено со Салем. Бидејќи Амина е целосно посветена на негата на Салем, Ахмед Синај се чувствува запоставен и станува алкохоличар, а исто така, има неколку љубовници. По некое, време, наговорен од лекарот во чија болница е роден Салем, Ахмед започнува еден деловен потфат, но власта му го замрзнува целиот имот.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 191-215. Змии и скали: Бидејќи семејството Синај наеднаш осиромашува, горниот кат на вилата му го издава под наем на еден стар доктор кој целиот живот ги проучува змиите. Тогаш, во посета на Амина доаѓаат нејзините родители од Пакистан. Амина, пак, почнува да се обложува коњски трки и постојано добива, заработувајќи многу пари, но нив му ги дава на соседот-адвокат кој ја води судската постапка за одмрзнување на имотот на Ахмед. Братот на Амина, Ханиф, се доселува во Бомбај и снима филм чија премиера се прекинува поради веста за убиството на Ганди. Во домот на семејството Синај се раѓа голема нетрпеливост меѓу Марија и главнито слуга Муса, кој краде некои скапоцени работи, но полицијата го открива и тој е принуден да ја напушти куќата. Подоцна, полицијата открива еден сомнителен човек кој ноќе го посетува имотот во близината на вилата, а потоа се дознава дека тој е Јосиф де Коста, поранешниот љубовник на Марија Перерира, кој умира каснат од змија. Кон крајот на август 1948 година, Салем се разболува од тифус и нема никакви изгледи да преживее. Тогаш, потстанарот му дава мала доза отров од кралска кобра и Салем наеднаш оздравува. Неколку дена подоцна, на 1 септември, Амина раѓа ќерка која, поради црвената коса, ја нарекуваат Црвенокосата Мајмунка.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 216-236. Несреќниот случај во сандакот за алишта: Во 1956 година, Салем има девет години. Тој е грдо дете со огромен нос поради кој е изложен на потсмев, а расте под притисокот дека треба да постигне голем успех во животот. Немоќен да ја пронајде својата животна цел, најмногу сака да се крие во сандакот за нечистата облека. Истовремено, сестра му расте како немирно девојче кое постојано прави ситни проблеми, борејќи се да го привлече вниманието на родителите врз себе. Во тоа време, непознат човек често телефонира во нивниот дом, а по секој разговор, Амина е видно вознемирена. Еден ден, Салем се крие во сандакот за нечистата облека и го слуша разговорот меѓу мајка си и непознатиот човек по што таа почнува да плаче и да го извикува името на Надир Кан. Тогаш, Салем ја гледа мајка си гола, но таа го открива и тој е казнет. Утредента, Салем им соопштува на родителите дека слуша некакви внатрешни гласови, но тие не му веруваат, а татко му му удира шлаканица. Во таа прилика, Амина се присетува на претскажувањето на гатачот во кое се споменувале и сандак за облека и внатрешни гласови.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 237-261. Сеиндиското радио: Салем ја крие својата тајна — дарбата да ги чита туѓите мисли. Неговата способност му создава збрка во главата и тој се крие во блиската напуштена кула, каде ужива читајќи ги мислите на непознатите луѓе од целата земја. Во тоа време, деловниот соработник на татко му, докторот Нарликар, умира под налетот на разулавената толпа и тогаш Ахмед го губи капиталот. Кон крајот на 1956 година умира уличниот пејач — таткото на детето Шива кое се раѓа истовремено со Салем во клиниката на доктор Нарликар.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 262-284. Љубов во Бомбај: На почетокот од 1957 година, во соседството на Салем доаѓа американското девојче Евелин Барнз и тој се вљубува во неа, иако таа не покажува никаков интерес кон него. Во една прилика, настојувајќи ја се покаже пред неа, Салем се судира со велосипедот и претрпува тежок потрес на мозокот. Во февруари истата година, во Бомбај се одржуваат масовни демонстрации, а Салем, повторно со намера да се покаже пред саканата, упаѓа со велосипедот меѓу демонстрантите. Под присила, тој им кажува една песничка, која малку подоцна се јавува како причина за крвав судир меѓу две противнички групи којшто завршува со многу жртви и повредени.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 285-305. Десеттиот роденден: Ноќта, на 15 август 1947 година, во Индија се родиле 1001 дете и секое имало некаква необична дарба. Подоцна, многу од нив умреле, така што во 1957 година преостанале 581 деца на полноќта, а од нив, само Салем и Шива се родени точно на полноќ. Во тоа време, Ахмед Синај се повлекува во себе и уште повеќе тоне во алкохолизмот. Тој ги продава недвижностите и почнува да се занимава со финансиски спекулации при што остварува голема заработка. Истовремено, Марија ја прогонува духот на мртвиот љубовник Јосиф де Коста, а нејзината сестра, Алиса, му станува секретарка на Ахмед Синај. Во такви околности, Салем го прославува десеттиот роденден на кој присуствуваат малку гости, зашто, по наредба на Евелин, тој е исфрлен од неговата маалска дружина. Тој насетува дека мајка му крие некаква тајна, а во својата глава го создава замисленото Друштво на Децата на полноќта.Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 306-328.