Тур де Свис 2018 (познато и како: Трка околу Швајцарија 2018) — 82. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис, која се одржала помеѓу 9 и 17 јуни како дваесетичетврти настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена од Австралиецот Ричи Порт од екипата .
Екипи
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Три професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 21 екипа.
Рута
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Етапа 8
Етапа 9
Завршен поредок
Поредок
На Тур де Свис 2018 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Постоеле и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на завршницата на етапите; првите тројца добивале временски бонуси, освен на поединечниот хронометар: етапниот победник освојувал десет секунди, додека вториот и третиот шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2018 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, кој бил наградуван со црна маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите пет места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.
+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 Бодови за 20 15 10 6 4 Бодови за 12 8 6 4 2 Бодови за 8 6 4 2 1 Бодови за 3 2 1 0
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со сина маичка. За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележан со зелена маичка. Пласманот се одлучувал на ист начин како генералниот пласман, но само за возачи родени на или по 1 јануари 1993 година.
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.
+ Водство по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п Планински пласман25п Бодовен пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п 1 Штефан Кинг недоделена недоделена Сам Омен 2 Петер Саган Филипо Ѕаканти Келвин Вотсон 3 Сони Колбрели 4 Кристофер Јул-Јенсен Петер Саган 5 Диего Улиси ⋅ Ричи Порт Ромен Сикар 6 Серен Краг Андерсен Марк Кристијан 7 Наиро Кинтана Мајкл МетјусЕнрик Мас 8 Арно Демар Петер Саган 9 Штефан Кинг На крја Ричи Порт Марк Кристијан Петер Саган Енрик Мас
Наводи
Извори
Надворешни врски
Категорија:Тур де Свис Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Швајцарија во 2018 година