Анте Павелиќ (хрват. Ante Pavelić; 14 јули 1889 во Брадина – 28 декември 1959 во Мадрид) — хрватски генерал, основач и раководител на Усташка Хрватска Револуционерна Организација - Усташи (хрватски UHRO, Ustaše) во 1930-те, а подоцна државна глава (Поглавник) на Независната Држава Хрватска (хрватски Nezavisna Država Hrvatska, NDH) за време на Втората светска војна.

Животопис Живот, односи со ВМРО мини|лево|220п|Иван Михајлов и Анте Павелиќ во Загреб, помеѓу 1920-тите и 1930-тите. мини|лево|Марсејскиот атентат важи за круна на соработката помеѓу ВМРО на Ванчо Михајлов и Усташите на Анте Павелиќ.мини|десно|250п|Анте Павелиќ го посетува Адолф Хитлер во Баварија, Германија, 1941 година. мини|десно|250п|Владо Черноземски (во средина) заедно со усташите Мијо Бабиќ и Звонимир Поспишил во логорот за обука во Јанка Пуста, Унгарија.

Анте Павелиќ е роден на 14 јули 1889 година во херцеговското село Брадина, близу градот Коњиц, која денес се наоѓа во рамките на Босна и Херцеговина.

Павелиќ е близок пријател со Иван Михајлов и го поддржува Револуционерното ослободително движење во Македонија. Во 1927 година, во студентскиот процес во Скопје, Анте Павелиќ е адвокат и заштитник на обвинетите членови на Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација. Анте Павелиќ во Виена воспоставил контакт со претставници на македонските емигранти на ВМРО, да тој и неговиот близок соработник Густав Перчец добијат покана за посета на Бугарија. Тие таму се состануваат со претставници на емигрантскиот Македонски национален комитет, најзначајниот настан во текот на таа посета бил донесувањето на познатата „Софијска декларација“ на 20 април 1929, со кој е воспоставена соработката со македонските емигранти.

Во декларацијата е нагласено дека во невозможниот режим во кој се наоѓаат Хрватска и Македонија, подеднакво да ја координираат својата дејност за слобода т.е. потполна независност и на Хрватска и на Македонија. Во 1929 година Анте Павелиќ пристигнува на посета во Софија по покана на Македонскиот Национален Комитет и громогласно е пречекан од околу 10.000 души. По оваа средба, каде што била донесена и Декларација за создавање на независна Македонија и Хрватска, властите во Белград на суд им изрекле смртни казни на Павелиќ и Перчец, по што тие преминале во илегала. Во исто време и македонските и хрватските емигрантски организации во Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба против големосрпскиот режим во Југославија. Во Женева повторно дошло до средба помеѓу Анте Павелиќ и Иван Михајлов, на која, покрај разговорите за продолжување на соработката, Павелиќ настојувал да се изврши атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката организација и ВМРО.

Во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1.000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката „Хајнрих Фолмер". За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Великиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со поддршка на таа идеја - Марко Дошен. Тој во името на Анте Павелиќ пренесе честитки и истакнал:

На 14 април 1933 година Иван Михајлов, Анте Павелиќ и Хасан Приштина изработуваат проект за сојуз помеѓу ВМРО, Усташа и Косовскиот Комитет за заедничко дејствување против Југославија. Возвратната посета во Загреб се одвива во 1942 година. Како резултат почнува да излегува списанието „Загреб - Софија”. Во 1934 Анте Павелиќ учествува во подготовката за убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту во атентатот в Марсеј. После тоа Павелиќ е осуден на смрт, но успева да избега во Италија и Мусолини одбива да го предаде на судот.

Втора светска војна и Независна Држава Хрватска мини|Анте Павелиќ во хрватскиот парламент во февруари 1943 Во 1941 г. Загреб е освоен од германската армија и усташките водачи ја објавуваат независноста на Хрватска. Павелиќ ја напушта Италија и се враќа во Хрватска на 15 април 1941 г., за да го преземе раководството. Управувањето му е благословено од архиепископот на Хрватска и од папата Пиј XII. После тоа религиозните католички водачи и свештеници добиваат високи позиции во движењето на Павелиќ.

По војната и смртта На самиот крај на Втората светска војна, пред влегувањето на партизанската војска во Хрватска, Павелиќ пребегал во Австрија. Таму бил уапсен и затворен, но подоцна, со помош на папата Пиј XII, бил пуштен од затвор по што некое време се криел во Ватикан, а оттаму пребегал во Аргентина. Таму го обновил усташкото движење и бил советник за безбедност на претседателот Хуан Перон.

Во април 1957 година бил застрелан двапати во неуспешен обид за атентат врз него. Обидот е припишан на југословенската тајна полиција – УДБА, иако не е отфрлена и можноста обидот да е извршен од српски четник. Последователно Павелиќ бил принуден да ја напушти Аргентина, за да избегне апсење и екстрадација. Тој добил азил во Шпанија, каде што умрел во Мадрид, на крајот на 1959 година, од компликации на раните добиени при атентатот.

Бегството на Павелиќ во Аргентина, неуспешниот атентат врз него и преселбата во Мадрид се тема на расказот на српскиот писател Игор Маројевиќ, „Сликописание“ (српски: Slikopisanje).Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021, стр. 254-287.

Поврзано

Иван Михајлов Марсејски атентат

Наводи

Категорија:Хрвати Категорија:Хрватска Категорија:Хрватска во Втората светска војна Категорија:Фашисти Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Починати во 1959 година