Стефан Величковски — роден на 16 мај 1986 година во Скопје. Тој е дипломиран музички професор со стекната диплома при Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек Музичка теорија и педагогија. Својата музичка кариера ја започнува на детските фестивали, но посериозно со музика започнува да се занимава во 2007 година кога на фестивалот „Охридски трубадури - Охрид фест 2007“ ја претставува својата прва студиска песна насловена како Не постои љубов.

Кариера

2007 година - Својата прва песна „Не постои љубов“ ја отпеа во 2007 година на летниот фестивал „Охридски трубадури“, а истата година како дебитант настапи и на реномираниот фестивал „Макфест“ овој пат со песната насловена како „Зошто боли кога одиш“. 2008 година - Зема учество на „Охрид Фест“ со темата „Јас и ти“ и на „Макфест“ со „Немам среќа без тебе среќо“, но овој пат како натпреварувач во категоријата ѕвезди. Подоцна се појавува и на престижниот интернационален фестивал „Будва фест 2008“ со својата прва песна на српски јазик насловена како „Моја најмилија“. 2010 година - Величковски прави промена на авторскиот тим со кој работи, па својата доверба за нови музички дела им ја препушта на Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоски. Со нив ги објавува двата синглови „Искрен пред себе“ и „Зачувај место за мене“. 2015 година - Станува член на групата "Дипломатик Бенд" како пејач и клавијатурист. Каде настапуваат на разни свечености: свадби, крштевки и друго...

Дискографија Синглови

Не постои љубов (Охрид фест 2007) Зошто боли кога одиш? (Макфест 2007) Јас и ти (Охрид фест 2008) Немам среќа без тебе среќо (Макфест 2008) Моја најмилија (Будва Фест 2008) Зачувај место за мене (2010) Искрен пред себе (2010) Остани со мене (2020) Прстен јас ти ставив (Дипломатик Бенд 2023) Свадба е (Дипломатик Бенд 2023)

Надворешни врски

Приватен Фејсбук профил на Стефан Величковски Фејсбук страница на Стефан Величковски Инстаграм профил на Стефан Величковски

Извори

A1on.mk Македонија денес Музика 24 Центар.мк Reporter.mk

Поврзано Македонска музика

Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи