Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Дренок. Сместена е во крајниот североисточен дел на селото.

Историја Во септември 2013 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени околу 2.000 денари и еден позлатен крст.„Ограбена црквата Света Богородица во Дренок“. Канал 5. 20 септември 2013.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Главниот влез е сместен на западната страна, додека на јужната страна има спореден влез. Непосредно пред главниот влез се издига камбанаријата која е прилепена до западниот ѕид на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја од трите отворени страни има по три прозорци. Првите два прозорци се квадратни и застаклени, додека највисоките се залачени и затворени. Камбанаријата во целост е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. На јужниот и северниот ѕид има по три прозорци, од кои прозорецот кој е најблиску до западната страна на обата ѕида се наоѓа повисоко. Во средината на апсидата има мала монофора, а на источниот ѕид над апсидата окно. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата е покриена со лимен кров.

Во дворот на црквата се сместени трпезаријата и селските гробишта.

Галерија

Поврзано Дренок Дебарско-кичевска епархија Струшко архијерејско намесништво Втора струшка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дренок (Струшко) Дренок Категорија:Дела на Дебарската школа