десно|мини|325x325пкс|Линцер торта Линцер торта е еден вид на торта, која била именувана по градот Линц и според некои готвачи, рецептот за оваа торта е најстариот во светот.

Историја Според некои извори, рецепт за слична торта, бил познат и во Римското Царство.: „Линцер торта“; Гастрономија, 11.12.2008 Сепак, рецептот од 1696, што бил зачуван во државната библиотека во Виена, долго време се сметал за најстар, сѐ додека директорот на државната  библиотека на Горна Австрија во 2005 година во архивата не пронашол рецепт кој датира од 1653. Не е познато кој го измислил рецептот за тортата и кој ѝ го дал името. Без оглед на иновациите кои готвачите ги воведувале, за сите стари рецепти биле две задолжителни состојки: масло и бадеми. Во почетокот била Божиќна пита, а подоцна била подготвувана и за други поводи.Политикин забавник број 3021. Датум: 1.1.2010. Рубрика: „Најстарија торта на свету?“ Издаје и штампа: Политика АД. Београд.

Пример за стар рецепт Во согласност со еден стар рецепт за торта требат следниве состојки путер, брашно, шеќер, мелени бадеми, ванилин шеќер, цимет, кора од лимон,каранфил, прашок за печиво, јајца и жолчка. На крајот, и џем од малини. Мора да се мешаат сите состојки, и потоа се пече.

Наводи

Категорија:Десерти Категорија:Торти