Да не се помеша со истоимената црква во селото Галичник.
Црква „Света Петка“ — црква во околината на селото Галичник.
Опис Црквата е оддалечена 8 километри јужно од селото Галичник, и се наоѓа сред густа шума над областа Смедовица, југозападно од врвот Старци. По испитувањата извршени на околните гробишта било утврдено дека истите потекнуваат од V век исто како и темелите на црквата која во поголем дел е реконструирана. Црквата Св. Петка со околината е најпосетено место од мештаните на Галичник и околните села, особено за време на православниот христијански празник - Преображение, кога според обичаите, посетителите ја поминуваат ноќта во блиската шума и ливадите.
Поврзано Галичник
Наводи
Галичник