Бебешка колика се дефинира како епизоди на плачење повеќе од три часа на ден, повеќе од три дена во неделата, за три недели, кај инаку здраво дете. Честопати плачењето се случува во вечерните часови. Тоа обично не резултира со долгорочни проблеми. Плачот може да предизвика фрустрации кај родителите, депресија по породувањето, прекумерни посети на лекар и злоупотреби на децата.

Коликите се појавуваат кај 10–40% од децата. Најчесто се појавуваат од шестата недела и исчезнуваат до шестиот месец. Во ретки случаи траат до првата година. Се јавуваат во ист процент кај момчињата и кај девојчињата. Првиот детален медицински опис на состојбата е од 1954 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Педијатрија