Куќа на Гоговци — староградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.„Куќа на Гоговци “. Управа за заштита на културното наследство.
Историја
Куќата е изградена во 1887 година. Во понатамошните децении, куќата била проширена од страна на влијателниот вевчански трговец Кузман Гогов. Во периодот 1928-1932 година, Гогов бил градоначалник на Вевчани и со своите организаторски способности придонел многу за развој на селото преку изградба на болница, поплочување на улиците, изградба на патот „Бело Џаде“, како и пат до црквата „Св. Спас“.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 24 јануари 2012 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.
Архитектура
Градбата има карактеристична архитектура, вклучувајќи ја постојната стара куќа. Се состои од приземје и кат, а претставува куќа со двојно ориентиран средиштен чардак.
Приземјето и катот на североисток се изградени од камен со израмнети дрвени греди. Дел од приземјето било отворен трем, а останатиот дел содржел деловни простории. Меѓукатната и покривната конструкција биле изработени од костеново дрво. Скалите кои ги поврзувале приземјето и катот, како и сите врати и подови исто така се изработени од костеново дрво. Катот е еркерно издаден на југоисток и содржи лесна дрвена конструкција исполнета со цели тули. Над дрвените прозорци има украс од тули. Особено се издвојуваа југоисточната и северозападната фасада, на кои има полузатворен камен чардак со цели тули, кој се простира над улицата и дворот. Покривот е од ќерамиди поставени над платно од даски.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Гоговци Гоговци